IBM ќе издаде криптовалутни токени на јавен Stellar Blokchain

Компјутерскиот гигант IBM објави дека склучиле партнерство со fintech еколошкиот стартап Veridium Labs за издавање на криптовалутен токен на Stellar блокчејнот.

Со оваа иницијатива, откриена во вторникот, ќе видиме како IBM и Veridium токенизираат јаглеродни кредити, овозможувајќи им на компаниите со тешки загадувања да ги надоместат штетите што ги предизвикуваат нивните активности врз природната околина. Приносите од продажбата на “verde” токенот ќе бидат искористени за да се пошумат 250 квадратни километри со дождовна шума на островот Борнео во Индонезија.

Трета група на јаглеродни кредити постои веќе некое време, но тие се тешки за вреднување и да се одржи нивниот традиционален биланс на состојба. Verde токенот, за разлика од нив, е заменлив и може да се откупи и продава на јавната Stellar мрежа, отстранувајќи ги пречките и непровидноста од синџирот за снабдување со јаглеродни кредити.

“Со години ние пробуваме да ги ублажиме влијанијата врз животната средина во секоја точка во синџирот на вредност, сепак претходните решенија се уште презентираат значителни комплексности и трошоци” изјави Тод Лемонс, главен извршен директор и ко-основач на Veridium. “Нашите дигитални еколошки средства се дизајнирани да им помогнат на компаниите и институционалните инвеститори да купуваат и користат јаглеродни кредити за во денешно време да ги ублажат нивните влијанија врз животната средина, па дури и да ги намалат потенцијалните ризици во иднина.”

Значајно е тоа што оваа иницијатива не е само доказ за концепт или тест програма. Ниту пак токените ќе бидат ограничени на приватни блокчејн платформи достапни само на одредени компании. Напротив – градејќи го претходното партнерство на IBM со Stellar – кредитите ќе се тргуваат преку целата јавна Stellar мрежа, овозможувајќи и на програмата да има гобален дострел.

“Со користењето на јавна, дозволена блокчејн мрежа, ние можеме да им помогнеме на Vreidium да креираат нов одржлив пазар кој е добар за бизнис и за светот.” изјави Бриџит ван Кралинген заменик претседателот на IBM за индустриски платформи и одделот за блокчејн.

“Ова е одличен пример за тоа како индустриите се редефинираат со користењето на блокчејн, во овој случај воспоставување далеку поефикасен и потранспарентен пристап во сметководството на јаглерод и неговото неутрализирање, кое ќе ги поттикне поединците и компаниите да имаат важна улога во подобрувањето на нашата животна средина.” заклучи таа.

Leave a comment