IBM цели научни истражувања во најновиот блокчeјн патент

Мултинационалната Американска IT компанија IBM планира да користи блокчејн за да помогне во научните истражувања и да обезбеди евиденција за нејзините резултати, стои во новата патентна пријава поднесена до U.S. Patent and Trademark Office објавена на 8-ми ноември.

IBM, првично го најави концептот во декември минатата година, вели дека предвидува “интегрирање на блокчејн и собирање на податоци и анализа за отворени научни истражувања.”

Апликацијата е најнова во постојано растечкиот куп на патенти по кои трага корпорацијата во блокчејн секторот, а најновата награда им беше доделена минатата недела за патентот за augmented reality игрите.

Моментално, комплетниот технички план се осврнува на она што го опишува како недостиг од платформи кои нудат “потребни контроли и механизми” за да ги заштитат научните наоди.

“Во моментов има ограничени платформи кои овозможуваат споделување на информации за научни истражувања и прикажување на транспарентни чекори за собирање податоци и анализа”, се вели во пријавата на патентот, додавајќи:

“Ваквите платформи кои постојат веќе, немаат потребни контроли и механизми за да се овозможат доверливи податоци, бидејќи постојат само неколку опции за да се осигураме дека податоците ќе бидат отпорни на модификација”.

Научниот сектор има корист на повеќе начини од усовршувањето на технологијата.

Различни обиди веќе се насочени кон некои аспекти на ова поле, како што медиумите известуваа претходно оваа година за специфичните блокчејн алатки и за фармацевтски и генетички истражувачки податоци поврзани со оваа индустрија.

Leave a comment