IBM се приклучи на децентрализирани “Yellow Pages” за блокчејн проекти

IBM се приклучи на иницијативата за децентрализиран крос-блокчејн регистар, кој се претставува себе како пример на “Yellow Pages” за блокчејн проекти, според соопштението на 13 септември.

Иницијативата наречена Unbounded Registry ќе биде предводена од блокчејн стартапот HACERA, и е дизајнирана да обезбеди “децентрализирано средство за регистрирање, барање, приклучување и трансакција низ различни блокчејни решенија, изградено во согласност со сите денешни дистрибуирани ledger технологии.”

Проектот, наводно, ќе ги адресира главните прашања во оваа област, вклучувајќи го резервираното именување за блокчејн проекти, откривањето на блокчејн мрежи и нивна намена, каталог на функции и услуги специфични за доменот.

Другите членови на регистарот се Интел, Кинескиот технолошки гигант Huawei, Batavia, Hitachi и Australian Blockchain Association.

IBM е позната по својата отвореност кон проучувањето и примената на блокчејн технологијата во разни области. Претходно овој месец, технолошкиот гигант откри Stellar-based “near-real-time” платежна мрежа наречена Blockchain World Wire (BWW). Решението е развиено за да се олеснат меѓународните исплати меѓу банките.

Во август, IBM и Данскиот транспортен и логистички гигант Maersk заеднички го започнаа своето глобално решение за испораки преку блокчејн. Платформата, наводно, може да ги следи критичните податоци за секоја пратка во синџирот на снабдување во реално време, генерирајќи веднаш дистрибуиран, непроменлив запис.

Во јуни, IBM iX, бизнис и технолошкото консултантско крило на IBM, во партнерство со софтверскиот добавувачот Mediaocean, лансираа блокчејн-базиран тракер за  дигитални медиумски трансакции за “расчистување на работите” при купување во медиумската индустрија.

Leave a comment