IBM потпиша договор вреден 740 милиони долари со Австралиската влада за користење на блокчејн за безбедноста на податоците

IBM потпиша петгодишен договор со Австралиската влада вреден 1 милијарда Австралиски долари (740 милиони американски долари) за користење на блокчејн и други нови технологии за подобрување на безбедноста на податоците, објави Bloomberg во четвртокот на 5-ти јули.

Со овој голем договор IBM, кој ќе обезбеди технологија како што е блокчејн, автоматизација и вештачка интелигенција (AI) за Австралиските федерални оддели, вклучувајќи го и министерството за одбрана и внатрешни работи.

Шефот на IBM делот за Азија и Пацификот, Хариет Грин, за Bloomberg изјави дека новото партнерство ќе им овозможи на Commonwealth граѓаните пристап кон “најголемите технологии во светот” низ многу владини агенции.

Новото партнерство ќе ја катапултира Австралија кон местото меѓу “првите три дигитални влади во светот”, посочи таа.

Во своето интервју, Грин повторно стави акцент на обезбедување и сигурноста на податоците за граѓаните – за што е всушност централната понуда на блокчејн чиј што непроменлив темелник е иновацијата.

Грин исто така го сметаше договорот како главен чекор на Австралија која работи кон “безхартиена иднина” низ различните сфери на државната јурисдикција, вклучувајќи го оданочувањето и граничната контрола.

Само денес, четвртата по големина платформа за размена на криптовалути по дневен обем на трговија, Huobi, потврди дека започна со тргување на својата нова Австралиска платформа, со новиот извршен директор на Huobi Australia изјавувајќи дека платформата “е подготвена да се здружи со растечкиот број Австралиски блокчејн проекти барајќи наклон кон пазарот кој допрва се развива”.

Австралиската агенција на владата за дигитална трансформација (DTA) од 2018-19-та година веќе има резервирано 530.000 американски долари наменети за истражување на блокчејн, за што се вели дека било поттикнато од конкретното барање од премиерот на земјата, Малколм Турнбул.

IBM, од своја страна, континуирано ја проширува својата вклученост во блокчејн низ различни полиња, со својата блокчеј платформа успешно искористена само оваа недела за напојување на првите тргувања во живо во една голема тргувачка иницијатива која вклучуваше  дваесет компании и пет големи банки.

Leave a comment