IBM патентираше блокчејн имплементација за управување со податоци за автономни возила

Мултинационалниот компјутерски гигант IBM додаде на својот арсенал на блокчејн патенти нова имплементација за управување со податоци и интеракции за автономни возила (SDVs). Патентот беше објавен од страна на Канцеларијата за патенти и трговски марки на САД на 2-ри април.

IBM, кој, според документите, претходно поднел екстензивни патенти за разни пронајдоци поврзани со автономни автомобили – истакнува дека блокчејн системот може ефикасно да ги подобри SDV конфигурациите со тоа што овозможува стабилна приватност и валидација на информации.

Контекстот за перспективна имплементација на блокчејн би бил систем во кој SDV комуницира и го предвидува однесувањето на возачите на не-автономни возила во близина.

Патентот најпрво ги наведува различните параметри кои можат да се користат за да се процени однесувањето на возачите во близина, користејќи широк спектар на сензорни технологии и како тие можат да се користат за да се оптимизира проценката на ризикот врз основа на предвидениот и вистинскиот маневар на блиските возила / возачи.

“Набљудувањето, откривањето и сензорирањето на податоците за однесувањето на возачот може да се прибираат од сензорите во возилото во реално време и да се аплоудираат на cloud центарот за податоци, назначен […] како Информативен центар за мобилност (MIH), на кој SDV-то може да се претплати”, се наведува во патентот.

IBM предлага дека блокчејнот може да ја подобри оваа сложена конструкција и користење во реално време на моделите за анализа и предвидување на животната средина и преку овозможување на целосна функционалност на податоците, притоа задржувајќи ја приватноста.

Според IBM, податоците на сензорот може да се најават во блокчејн систем во кој се користи инфраструктурен јавен клуч (PKI) за генерирање на “вистинскиот јавен-приватен пар поврзан со секој SDV / возач, при што секоја аплоудирана и влезна трансакција е криптографски потпишана со користење на приватен клуч”. Патентот забележува дека системот ќе им овозможи пристап до податоците само на овластени ентитети.

Патентот опишува како SDV тогаш може да пристапи до предвиденото однесување на околните возачи во реално време со помош на клиентска блокчејн апликација – на пример со скенирање на бројот на регистарската табличка во близина.

Како што претходно беше објавено, американскиот автомобилски гигант General Motors, исто така, поднесе свој патент за блокчејн решение за управување со податоци од автономни возила.

Анализата на патентите поврзани со блокчејн поднесени до август 2018-та година откри дека IBM им дише во врат на Кинескиот Alibaba во однос на најголем број на такви патенти поднесени од било кој глобален ентитет. Технолошкиот гигант, исто така, продолжи со повеќекратните нови блокчејн патенти и во 2019-та година.

Leave a comment