IBM лансираше блокчејн мрежа за следење на храна, придружуван од малопродажниот гигант Carrefour

Американскиот технолошки гигант IBM официјално ја лансираше својата мрежа за следење храна базирана на блокчејн, Food Trust, по 18 месечно тестирање, објави компанијата во соопштението за печатот во понеделникот, 8-ми октомври.

Во истата најава, корпорацијата откри дека уште еден голем продавач на храна Carrefour се приклучува кон нивниот екосистем. Компанијата со седиште во Франција, која работи со повеќе од 12 илјади продавници во 33 земји, прво ќе го тестира блокчејн во своите продавници. Како што соопштува извештајот на IBM, до 2022-ра година Carrefour планира да го прошири блокчејн на сите нивни брендови низ целиот свет.

IBM Food Trust беше првпат објавен во 2016-та година како блокчејн решение кое ќе ги поврзува различните страни во прехранбената индустрија. Во текот на пробниот период, кој започна во август 2017-та година, компанијата соработуваше со Nestle SA, Dole Food Co., Driscoll’s Inc., Golden State Foods, Kroger Co., McCormick и Co., McLane Co., Tyson Foods Inc. и Unilever NV .

Според IBM, за време на периодот на тестирање, трговците и добавувачите го користеле Food Trust блокчејнот за следење на “милиони индивидуални прехранбени производи”.

Американската малопродажна корпорација Walmart беше една од првите компании што се приклучија на IBM за експерименти во оваа областа, уште во 2016-та година користејќи блокчејн за да ги идентификуваат и отстранат отповиканите прехранбени производи за кои клиентите имаа жалби.

Само минатиот месец, Walmart објави дека ќе побара од добавувачите да спроведат систем за следење на зеленчукот од фармата до продавницата, базиран на системот за храна на IBM.

За IBM, прехранбената индустрија е само една од многуте навлегувања во блокчејн технологијата. Американската корпорација го дели првото место со Кинеската корпорација за е-трговија Alibaba, во смисла на бројот на поднесени блокчејн патенти на глобално ниво. Неодамна на IBM му беше доделен патент за мониторинг систем базиран на блокчејн, кој наводно, ќе помогне да се спречат различни видови хакирања и нарушувања на безбедноста.

Leave a comment