Huobi се проширува во Турција како што Турците стануваат најчести корисници на крипто

Сингапурската крипто-берза Huobi Global “се движи агресивно кон Турскиот пазар”, со планови кои вклучуваат “девизна onramp за турската лира” до крајот на годината.

Компанијата планира да отвори физичка експозитура некаде во Турција, која ќе вклучува локализирани производи и поддршка за корисниците, објави Huobi.

“Турција е многу важен и ветувачки потенцијален пазар за нас и планираме да превземеме агресивен пристап за да го внесеме таму екосистемот на Huobi”, изјави извршниот директор на Huobi Global, Ливио Венг.

Во едно неодамнешно интервју  од Huobi изјавија дека 2019-та година ќе биде уште една важна година за нивната глобална експанзија и ќе содржи сеопфатни услуги што ќе им бидат понудени на земјите каде што има голема побарувачка за криптовалути и каде што тие услуги се дозволени од локалните регулатори.

Во Турција, Huobi најверојатно, ќе се соочи со жестока конкуренција од постојните играчи, вклучувајќи ги и компаниите како BTCTurk, Bitfinex, EXMO и многу други.

Турција, земја со население од 80 милиони луѓе, стана позната како жариште за главен интерес за криптовалути, со највисока стапка на крипто сопственост меѓу сите земји опфатени во Global Consumer Survey на  Statistica за 2019-та година. Според истражувањето, 1 од 5 турски испитаници поседуваат криптовалути во некоја форма.

Се верува дека високата стапка на крипто сопственост во Турција е поврзана со инфлацијата на националната валута; турската лира. Досега оваа година лирата е намалена за околу 8,6% во однос на американскиот долар. Минатата година, лирата изгуби 30% во однос на доларот, а овој тренд се одвива и неколку години пред тоа.

И покрај напорите на владата, турските жители се осврнуваат кон други средства што ги сметаат за подобри, како на пр. криптовалутите, меѓу другото.

Минатата година турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги повика луѓето да ја одбранат неуспешната локална валута: “Променете ги евра, доларите и златото што ги чувате дома во лири во нашите банки. Ова е домашна и национална борба”, изјави тогаш Ердоган.

Сепак, според провајдерот на пазарни податоци Coinlib.io, турската лира во изминатите 24 часа беше меѓу 7-те најголеми девизни валути која била менувана за крипто (63 милиони долари), зад Американскиот долари, Јапонскиот јен, еврото , Кинескиот јуан, Јужнокорејскиот вон и Британската фунта.

Leave a comment