HTC го пушти во предпродажба блокчејн телефонот за кој се плаќа само во крипто

Една деценија по лансирањето на својот прв Android, глобалниот потрошувачки технолошки гигант HTC официјално го објави својот прв блокчејн мобилен телефон.

Првата почетна верзија на HTC Exodus сега е достапна за пред нарачки, објави компанијата во вторникот, и моќе да се купи само со криптовалути.

Наречен EXODUS 1, уредот може да се купи само со биткоин или ethereum, и ќе почне да се испорачува од декември. Од компанијата, исто така, изјавија дека бараат програмери да учествуваат во почетната верзијата за испорака.

EXODUS 1 е достапен за клиентите во САД, Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и скоро 30 други земји, според соопштението за печатот.

Главниот раководител за децентрализација на HTC, Фил Чен, изјави дека компанијата се надева дека ќе добие повратна информација од блокчејн заедница за раната верзија, со цел да се подобри уредот.

“Целта е да се започне со блокчејн заедницата и да се добие нивната помош во правењето на нашиот wallet и технологијата уште посигурни, во суштина да го тестираат и да обезбедат повратни информации, предлози и решенија”, изјави тој, додавајќи:

“Неодамнешните бројки покажуваат дека има околу 35 милиони wallets во моментот. HTC EXODUS 1 ќе му помогне на корисникот да се навикне да користи сопствени клучеви и за развивање на EXODUS во уред кој може да биде корисен за поширокиот пазар.”

HTC сè уште не објави никакви информации за тоа кога уредот ќе биде лансиран за пошироката јавност.

EXODUS 1, објавен на конференцијата CoinDesk Consensus во мај, вклучува “безбедна енклава” на уредот кој ќе ги чува крипто клучевите на корисникот и е заштитен со оперативниот Android систем.

Понатаму, за да ги заштити корисниците кои би можеле да го изгубат телефонот или на друг начин да ги заборават своите клучеви, HTC има изградено процес наречен “Social Key Recovery” за повторно обновување на своите клучеви. Корисниците ќе можат да назначат неколку контакти како “доверливи” и секој контакт ќе може да преземе апликација за управување со клуч.

Leave a comment