GoTenna во партнерство со Blockstream Satellite за поедноставно користење на Биткоин без интернет конекција

Испраќањето на биткоин трансакции без интернет конекција стана малку полесно.

Објавено на конференцијата Magical Crypto во саботата во Њујорк, Blockstream Satellite и goTenna ги интегрираат своите технологии за полесно да се испраќаат биткоин трансакции без директни интернет конекции.

Blockstream Satellite е мрежа на сателити распоредени така што луѓето низ поголемиот дел од планетата можат да превземат целосен биткоин јазол, најсигурен портал до биткоин мрежата, дури и без интернет конекција. Нормално, се додека тие имаат сателитски ресивер со инсталиран специфичен софтвер на Blockstream Satellite.

goTenna е стартап кој ја истражува технологијата и кој им овозможува на корисниците да се поврзат со други без интернет – на пример, да испраќаат смс пораки. Наместо тоа, тие формирале своја “mesh мрежа” за испраќање пораки. Единственото ограничување, корисникот мора да биде барем во близина од една милја со личноста на која сака да испрати трансакција.

Кон крајот на минатата година, уредот goTenna исто така се поврзува со нивниот биткоински паричник на Android телефон, на кој корисниците можат да стават биткоин и потоа да ги користат за испраќање биткоин трансакции без интернет конекција – се додека можат да се поврзат со друг корисник на goTenna кој има интернет конекција.

goTenna објасни во својата изјава:

“Ова значи дека корисниците ќе можат да примаат блокчејни податоци преку сателит и да испраќаат потпишани биткоински трансакции преку мрежата на goTenna Mesh без директна интернет конекција.”

“goTenna апликацијата е тоа што ви овозможува да испраќате потпишани биткоин трансакции преку нашата mesh мрежа. Ако вашиот локален провајдер ве цензурира или вашата конекција е падната поради некоја причина, можеби поради природна катастрофа, се уште можете да се приклучите на интернет , изјави Ричард Маерс во интервју, инженер за децентрализирани апликации на goTenna. Исто така, обезбедува поприватен начин за испраќање биткоин трансакции.

Оваа интеграција е дел од поголем напор за да им олесни на луѓето да испраќаат офлајн трансакции. Исто така, го прави Blockstream Satellite, кој можеби звучи повеќе како научно-фантастичен проект, отколку нешто што всушност ќе им помогне на луѓето, малку повеќе корисен.

“Потребата за оваа технологија можеби не е во Њујорк, туку во други делови на светот. Таа би можела да биде корисна таму, наместо централизираните интернет провајдери”, изјави Мајерс, додавајќи дека токму сега корисниците можат да испраќаат трансакции со Blockstream Satellite користејќи други технологии, како што е радиото со висока фреквенција, но овие технологии генерално бараат “поспецијализирано знаење”.

Оваа технологија им дава на корисниците уште една опција за која Маерс тврди дека е полесна. “Таа ја намалува границата за тоа кој се може да користи ваква технологија”, изјави тој.

Leave a comment