Google ќе ја поништи забраната за крипто-реклами во САД и Јапонија

Американскиот технолошки гигант Google треба да ја апдејтира својата рекламна политика во октомври, дозволувајќи им повторно на некои крипто-бизниси да рекламираат на неговата платформа. Компанијата го објави ова во официјален пост во вторникот, 25-ти септември.

Според официјалното соопштение, почнувајќи од октомври, Google ќе дозволи регистрирани платформи за размена на криптовалути да се рекламираат на неговата Google Adwords платформа, а таргетите се Американската и Јапонската публика. Во соопштението се вели:

“Тие кои сакаат да се реламираат ќе треба да бидат сертифицирани од Google за конкретната земја во која нивните реклами ќе бидат објавени. Огласувачите ќе можат да аплицираат за сертификација откако ќе започне оваа политика на Google во октомври.”

Оваа одлука следи по објавата во март дека сите крипто-поврзани бизниси ќе бидат забранети да купуваат реклами на Google AdWords, опишана од инсајдерите во индустријата како “нефер” и “вознемирувачка”.

За да ја оправда крипто-забраната, Google изјави дека ги штити своите клиенти од лажни понуди, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на “понуди за монети, криптовалутни платформи, crypto wallets и крипто-совети за тргување”.

Другите технолошки гиганти, како што се Facebook и Twitter, направија слични потези со бран крипто-рекламни забрани претходно оваа година.

Оттогаш, Facebok ја промени својата забрана за крипто-реклами за претходно одобрени крипто-фирми, а сепак ја задржува реламната забрана  за Initial Coin Offering (ICO) – потег сличен на оној што го направи завчера Google.

Овој јуни, за време на ексклузивното интервју со Cointelegraph, коосновачот на Wikipedia Џими Велс, ги коментираше обидите за регулирање на блокчејните и крипто-индустриите, велејќи: “Вие не можете да ја забраните математиката. Вие не можете да забраните блокчејн.”

Во јули, коосновачот на Google, Сергеј Брин, објави дека е фармач на Ethereum (ETH) на Блокчејн самитот во Мароко.

Leave a comment