Google пребарувањaта за “Биткоин” само што го достигнаа највисокото ниво од април

Истражувач на трендови на Google открива дека неделниот број пребарувања во светот за клучниот збор “биткоин” достигна нивоа што не се виделе од првата недела во април.

Додека точниот број на пребарувања досега не е јасен, податоците од Google откриваат пребарувања за “биткоин” само во изминатите три дена сочинуваат 17 проценти од неговиот највисок неделен обем на пребарување на сите времиња, поставен од 17-23 декември , 2017-та.

Во тоа време, крипто валутата се тргуваше околу рекордно високо ниво во вредност од 20.000 долари, додека во моментов, таа е проценета на 4.167 долари според Bitcoin Price Index (BPI) на CoinDesk.

Податоците за трендовите на Google уште откриваат дека најмногу пребарувања за биткоин во светот во изминатата недела дојдоа од Нигерија, Јужна Африка и Австрија, по тој редослед. Интересно, САД едвај стигнаа во топ-20, рангирајќи на 19-то место.

Седуммесечното високо ниво во Google барањата за биткоин, можеби не треба да биде изненадување, бидејќи криптовалутата минатата недела беше спомнувана во наслови за нејзината цена која падна на 4.000 долари, најниско во последните 13 месеци. Податоците понатаму откриваат дека пребарувањата за биткоин се зголемиле повеќе од двојно на денот кога влегле во опсегот од 3000 долари на 24-ти ноември.

Долго време се шпекулира дека цената на биткоин и неговите трендови за пребарување на Google се многу поврзани, што укажува на тоа дека овој подем на интерес може да биде знак дека нешто ќе се случува со цената на биткоин.

Една студија спроведена во 2017-та година од истражувачот Вили Ву покажува дека трендовите за пребарување на Google дури можат да се користат и за откривање на шпекулативни bubbles, како и за најдоброто и најлошото време за купување на криптовалути.

Со други зборови, периодите на низок “биткоин” обем на пребарување историски се покажаа како точки на максимална финансиска можност, додека периодите на абнормално висок обем на пребарување имаат тенденција да дејствуваат како предупредувачки знак дека биткоин е во bubble и наскоро може да доживее намалување во цената.

Leave a comment