General Motors поднесе блокчејн патент за управување со податоци од автономни возила

Американскиот гигант за производство на автомобили General Motors (GM) поднесе блокчејн патент за решение за управување со податоци од автономни возила. Патентната пријава беше објавена од страна на Американската Канцеларија за патенти и трговски марки (USPTO) на 29-ти ноември.

Апликацијата на GM, која првпат е поднесена на 25-ти мај 2017-та година, наведува систем за користење блокчејн за обезбедување на “безбедна” и “силна” дистрибуција на податоци и интероперабилна размена меѓу повеќе автоматски возила и други субјекти, како што се општините, регионалните власти и јавните објекти.

Додека автономните возила особено бараат “висок степен на интегритет” за “податоци за временски настан”, апликацијата нагласува дека блокчејн системот исто така е “пожелен” за полуавтономни и неавтономни возила.

Како што е наведено во прилогот, блокчејн “постигнува” можност за “овозможување на дистрибуиран консензус на доверба каде што сите трансакции може да бидат верифицирани во иднина од страна на учесниците во размената на различни блокчејни, без да се наруши приватноста.”

Патентот предлага дека блокчејн системот може да се користи за размена на информации во врска со низа практични потреби, ресурси и правни документи. Тие вклучуваат навигација на патот, достапност на услугите за полнење на гориво, утврдување на валидноста на дозволите и лиценците за возилата што работат како “такси или други услуги за изнајмување”, како и “одржување на салда за […] трошоци поврзани со патарини, за паркирање, за миење автомобили и за пристап до други давачки базирани на услуги.”

Поради претпазливост, документот советува дека би било најдобро “да се спроведе размена на блокчејни за да се придвижат само одобрени, проверени и безбедни информации базирани на локацијата на патниците на автономното возило”.

Поднесувањето на патентот на GM укажува на тоа дека употребата на блокчејн може дополнително да се прошири за да се овозможи интеракција со системите за управување со патиштата и сообраќајот и корисниците на автономни возила, во форма на “онлајн или cloud блокчејн ledger за внесување и дистрибуција на [различни видови] информации од Администрацијата за автопатишта и безбедност во транспортот (NHTSA). ”

Дополнителен тип на податоци за влез во блокчејн системот може да биде “однесувањето” на корисниците на автономните возила, со онлајн блокчејн ledger создаден за информации поврзани со “дејствата на возилото, однесување на возачот и способности на возачот да ги следи сообраќајните правила”.

Ова лето, GM се приклучи на BMW, Ford и Renault како нов члено на Иницијативата за мобилност на јавен блокчејн (MOBI), главна заедничка компанија која брои над триесет учесници во кои се вклучени Bosch, Hyperledger, IBM и IOTA.

Во јуни, IOTA и Volkswagen демонстрираа Proof-of-Concept (PoC) за автономни возила, кој ја користи структурата на IOTA, Internet-of-Things (IoT), а не ‘традиционален’ блокчејн.

 

Leave a comment