Fortune ja објави првaта ’40 Under 40′ годишна крипто-листа

За прв пат на 23-ти јули, Fortune објави крипто-фокусирана верзија на својата престижна ’40 Under 40′ ранг листа, која претставува чест за најимпресивните млади disruptors во финансиската и технолошката индустрија.

Насловена како “The Ledger 40 under 40” листата е посветена на иноваторите кои се на чело на “финансиската револуција”, воведена со криптовалутите, блокчејн и други дистрибуирани Ledger технологии.

Минатата недела петмина претставници на крипто-индустрија веќе се најдоа на четири места од ’40 Under 40′ листата – сите од нив повторно појавувајќи се на инаугуративната Ledger листа.

Тие ги вклучуваат извршниот директор на главната американска платформа за крипто-размена и wallets Coinbase, Брајан Армстронг, 34, кој е рангиран прв од страна на Ledger за “катапултирање” на крипто како мејнстрим.) Ко-основачот на Ethereum (ETH) наречен “Skinny visionary”, Виталик Бутерин (24) е трипати прославен на листата на Fortune и сега го освои второто место на Ledger листата.

На третото место е Џихан Ву (32), ко-основач на хардверски титан за фармање Bitmain со седиште во Пекинг, кој наводно сега е вреден 12 милијарди долари. Fortune ја наведува поддршката на Ву кон “контроверзниот” биткоин (BTC), “Биткоин кеш” (BCH), како и неговиот интерес за stablecoins и аспирации за развивање на чипови за фармање за вештачка интелигенција (AI).

На листата се вклучени личности кои се префрлија од традиционалниот финансиски сектор за да станат лидери во крипто-индустријата, заедно со оние кои имаат за цел да ја водат “револуцијата одвнатре”.

Амбер Балде (35), поранешна лидерка на блокчејн програма која ја предводи JPMorgan Chase, е рангирана на единаесетото место како коосновач на блокчејн стартапот Clovyr, нејзината поранешна позиција како водечки инвеститор на Quorum, и нејзиното неодамнешно назначување во одборот на Zcash Foundation – непрофитна организација која владее со анонимно – ориентираниот altcoin Zcash (ZEC).

Кристин Мој, наследничка на Балде во блокчејн програмата на JPMorgan, е рангирана на 18-то место, а на шестото и 20-тото место се  Рана Јаред (34) и Џастин Шмид (38) на Goldman Sachs, како предводници на идната биткоинска операција на Wall Street гигантот.

Останатите крипто-членови на листата се биткоин милијардерите  близнаците Винклевос, 36, (под осмо место) и биткоин “евангелистот” Роџер Вер, 39 (36-то место), како и “серискиот” иноватор во криптосферата, а сега Block.one CTO Ден Лаример (36) (12-то место) и извршниот директор на Bitstamp и коосновач Нејк Кодрич (29-то место) – поради проектот креиран од хоби во гаража, кој стана прва лиценцирана платформа за трговија со биткоин во Европа.

Leave a comment