Forbes објави листа на компании вредни милијарди долари кои користат блокчејн

Финансискиот весник Forbes, на 16-ти април објави листа на “Blockchain’s Billion Dollar Babies,” или компании кои имплементираат блокчејна технологија со минимални приходи или вреднувања од 1 милијарда долари.

Во списокот се вклучени компании во блокчејн и крипто развојните простори , покрај традиционалните финансиски фирми како што се банки и клириншки куќи, компании за храна, фирми за управување со синџирите на снабдување и други.

Повеќето од наведените компании се имиња на бреднови како Amazon, Walmart, Facebook, ING, Mastercard, Microsoft и Nestle.

Крипто компаниите на листата ги вклучуваат крипто берзата базирана во САД, Coinbase, европската фармачка и хардверска фирма Bitfury и мрежата за блокчејн финансиски услуги и креатор на XRP токенот Ripple.

Во прилог на набројувањето на големите фирми што се занимаваат со експериментирање или целосно прифаќање на блокчејн технологијата, листата исто така вклучува и кои блокчејн протоколи се усвојуваат и од кого. Различни Hyperledger протоколи, блокчејниот конзорциум R3 Corda протоколот и мрежата Eтереум се истакнуваат во голем број фирми низ различни индустрии.

Forbes го забележува потенцијалот на блокчејн технологијата за поедноставување на различните деловни процеси по примерот на Depository Trust & Clearing Corp (DTCC), кој води евиденција за 90 милиони трансакции дневно, или повеќе од 48 милијарди долари во хартии од вредност во светот.

Според Forbes, фирмата ќе започне да ги префрлува своите 50.000 акаунти во систем базиран на блокчејн, кој ќе помогне да се отстранат дуплите процедури и помирувања кои сѐ уште има можност да се случат во традиционалните електронски клириншки мрежи.

Во средината на март, DTCC објави бела книга во кој се наведуваат водечките принципи за пост-трговската обработка на токенизираните хартии од вредност. Весникот ги забележува уникатните карактеристики на новонастанатиот пазар за токенизираните хартии од вредност и предлага честопати да се применуваат глобалните политички стандарди за традиционалните пазари, и истите ќе бидат корисни за засегнатите страни да ги идентификуваат законските обврски кои се однесуваат на security token  платформите.

Leave a comment