Forbes во партнерство со блокчејн-новинарска платформа за објавување содржини

Меѓународната бизнис медиумска компанија Forbes соработува со платформата Civil, базирана на блокчејн, за објавување на својата содржина на децентрализираната мрежа, ко-основачот на Civil потврди на Medium  во вторникот, 9-ти октомври.

Според ко-основачот на Civil, Мет Кулиџ, Forbes го интегрира софтверот на Civil во сопствениот систем за управување со содржини (CMC). Од почетокот на 2019-та година, новинарите ќе можат да ги внесат своите податоци во мрежата на Civil, а истовремено  на веб-сајтот на Forbes.

Forbes, американски бизнис весник, основан во 1917-та година, стига до повеќе од 120 милиони луѓе на глобално ниво преку своите главни и локални изданија.

Според американскиот новински извор Axios, новиот процес првично ќе се применува само за вестите поврзани со крипто. Меѓутоа, ако Forbes смета дека експериментот е успешен, другите делови исто така ќе бидат објавени на блокчејнот.

Forbes, исто така, ќе ги прошири своите децентрализирани решенија за својата огромна мрежа на соработници. Axios пишува дека преку употреба на smart contracts, авторите на Forbes можат да ги испраќаат своите статии во CMS на Forbes и потоа да ги споделат на други платформи, како што се LinkedIn и Medium.

Според Кулиџ, Forbes исто така планира да “експериментира со нови методи на ангажирање на читателите.” Тој, исто така, наведува дека употребата на децентрализирана платформа може да им помогне на медиумите да се осигураат дека ниедна трета страна не може да ја отстрани или да ја измени содржината.

Civil претходно соработуваше со главната новинска агенција Associated Press (AP). Глобалната агенција за медиуми планира да користи блокчејн за интелектуални права, следење на користењето на содржината и поддршка на етичкото новинарство. AP исто така ќе ја чува својата содржина во мрежата на Civil како дел од тест процесот, така што новинските агенции ќе имаат непосреден пристап до извештаите.

Слично на ова, Adblock Plus developer eyeo GmbH создаде екстензија на блокчејн пребарувачот Trusted News за да ги открие веб-сајтовите кои постираат лажни вести и да ги етикетира соодветно. Наводно, Adblock планира да ја префрли базата на податоци за проектот на блокчејнот на Ethereum и да издаде MetaCert токените како начин да спречи манипулации.

Leave a comment