‘First Universal Wallet’ поддржува EOS Mainnet и нуди бесплатна регистрација на сопствен акаунт

Компанијата зад “првиот во свет” наменет за мулти-средства, universal wallet кој може да собере повеќе криптовалути и токени, почна да поддржува EOS mainnet и нуди бесплатна регистрација на EOS акаунтите како дел од кампањата од 6-18-ти јули.

Infinito Wallet, кој започна со EOS поддршката на 7-ми јуни, вели дека нивната специјална понуда е на база на ‘прв-дојден, прв услужен’.

Проценките покажуваат дека ЕОЅ ќе може да изврши милиони трансакции во секунда. Infinito Wallet, кој е базиран на Isle of Man и е достапен на Google Play и App Store на Apple, тврди дека е првиот крипто wallet кој активно ја поддржува EOS mainnet.

Пред тоа, тој веќе ги поддржуваше големите криптовалути, вклучувајќи биткоин, Bitcoin Cash, Ethereum, Ethereum Classic, Litecoin, Dogecoin, Neo и Dash, како и сите токени изградени на водечки паметни блокчејн платформи како што се ERC-20 на Ethereum и NEP-5 на NEP. Infinito Wallet вели дека корисниците сега можат да пристапат до својата EOS сметка, што значи дека тие можат да го проверат нивната состојба на истата, да испраќаат и примаат средства и да управуваат со нивната историја на трансакции на оваа нова мрежа преку својата платформа.

Бесплатна акаунт регистрација

ЕОЅ сега изгласа дека на корисниците им требаат акаунти на свое име за да комуницираат со овој блокчејн. Следејќи го правилото на EOS, процесот на регистрација ќе бара од корисниците да плаќаат надомест со ЕОЅ coins – меѓутоа, ова може да им биде тешко за оние кои допрва треба да направат акаунт.

Infinito Wallet има намера да го реши ова, помагајќи им на сопствениците на EOS да се регистрираат бесплатно на нивниот mainnet акаунт, отстранувајќи ја една од најголемите бариери за нивното учество вo екосистемот на ЕОЅ. Кампањата на компанијата има буџет од 1.600 EOS, при што заинтересираните корисници се повикани да дејствуваат брзо или да ризикуваат да ја пропуштат оваа понуда. Плановите на компанијата за поддршка на mainnet за првпат беа објавени од Cointelegraph во мај, и беа завршени според распоредот. Неговата процедура за регистрација е едноставна и може да се заврши во три едноставни чекори.

Infinito Wallet планира да понуди дополнителни уникатни карактеристики на EOS, како што се само-регистрирање, вложување, купување и продавање RAM меморија.

За компанијата

Infinito Wallet беше лансиран во декември 2017-та година, и оттогаш компанијата вели дека продолжува да ја проширува листата на трансакциски валути и smart contracts токени што ќе ги поддржува, а повеќето се веќе на пат.

Според компанијата, Infinito Wallet е преземена од повеќе од 200.000 корисници. Компанијата зад Infinito Wallet – Infinity Blockchain Labs Europe – вели дека нејзината единствена цел е “да стане водечки crypto wallet во светот.” Компанијата сега може да се пофали со тим од повеќе од 180 девелопери на сопствен блокчејн, продавачи, истражувачи и стратешки планери .

Leave a comment