Fantasy Football ќе собере 100 милиони долари во крипто

Блокчејн стартап сака да собере скоро 100 милиони долари за да создаде нова форма Fantasy Football.

Наречена Crown League, сопственикот на стартапот изјавил за Coindesk дека сака да формира fantasy football лига со 12 екипи колку за почеток, кои колективно ќе бидат во сопственост на навивачите преку крипто-токените на платформата. Во некои погледи, лигата ќе функционира како други fantasy лиги, но се разликува со тоа што е единствен, обединет ентитет управуван од професионални менаџери и во сопственост на пошироката јавност.

Дан Нисаноф, главен извршен директор на CrownThrown Inc. – компанијата зад Crown League- изјави за CoinDesk дека fantasy football во моментов е “неверојатно фрагментирано”. “Никој не се грижи за другите тимови, и се е толку предвидливо”, изјави тој.

“Сè што можете да направите е да прогнозирате кој може да го трејдате, кој можете да го ставите во прв тим, но зборувате со милиони луѓе кои имаат свои тимови”, објасни тој. Crown League се обидува да ги обедини љубителите на fantasy со тоа што ќе им даде заедничка сопственост на еден тим на блокчејн, и да обезбеди дека “за прв пат можете да се чувствувате како сопственик.”

Овие тимови ќе бидат водени и екипирани од вистински менаџери на професионални играчи и професионален кадар, и сопствениците на токени можат да влијаат врз нивните одлуки во рамките на секој тим. Сопствениците на токени, исто така, ќе можат да гласаат за вработување или за замена на менаџерите на тимот.

“Како fantasy ентузијасти, кои ги има по стотици илјади само во САД, ќе ви дадеме пристап за играње на највисоко ниво. Можете да ги следите експертите” изјави Нисаноф за CoinDesk.

Тој додаде:

“Ние ќе ја доведеме лигата во живот со настани на национално ниво [како што се] draft-от. Ќе собереме групи кои го делат истиот финансиски и емоционален интерес … На локално ниво ќе има настани обележани од тимовите.”

Фирмата, исто така, најави пред-продажба со токени, која се очекува да подигне 30 милиони долари во текот на 60-90 дена. Продажбата, која ќе функционира како Simple Agreement for Future Tokens (SAFT) добротворен настан, ќе биде отворена за акредитирани инвеститори преку regulation D offering.

Самата платформа ќе започне тест-мрежа околу декември и се очекува да започне со целосна функционалност до следното лето. Како таква, првата соодветна сезона треба да започне во есента 2019-та година на почетокот на сезоната на Националната рагби лига.

 

Leave a comment