Facebook, Twitter и Telegram: Нова Крипто Парадигма или прославена ваучер програма?

Facebook е контроверзен, ако ништо друго. Петта по големина компанија по пазарен капитал, таа е и најголема социјална мрежа. Сепак, и покрај фактот што повеќето од нас го користат, стануваме сѐ позагрижени за она што го прави со нашите лични податоци. Уште од Cambridge Analytica скандалот (и веројатно многу порано), ние се исплашивме дека таквите податоци не се особено сигурни или приватни, така што ние почнавме да се буниме против гигантот на социјалните медиуми, како што беше сведочено со минатогодишната кампања #DeleteFacebook.

Но, во исто време, оние кои имаат интерес за криптовалути, исто така, знаат дека за крипто да влезе во мејнстримот, ќе му треба поддршка од една или повеќе големи корпорации. Ова е причината зошто неодамнешната вест за очигледните планови на Facebook за сопствената криптовалута е слатко-горчливо за проголтување. Нема сомневање дека промоција на дигитална валута од една од најголемите светски компании ќе го постави крипто цврсто на картата. Сепак, со оглед на репутацијата на Facebook, тешко е да се ослободиме од сомневањата дека она што Марк Цукерберг  на крајот ќе понуди нема да биде криптовалута по правилното, децентрализирано чувство на зборот.

Сепак, дури и ако Facebook и другите социјални мрежи нема да го произведат следниот Биткоин или Monero, нивниот флерт со блокчејн би можел да биде тоа што ќе го смени текот на играта не само за крипто, туку и за другите индустрии. Финансирањето може да биде неотповикливо изменето, бидејќи банките и другите финансиски институции се натпреваруваат во приспособувањето на користење на дигиталните валути од страна на социјалните мрежи. Слично на тоа, може да се појави нов екосистем на крипто  услуги и платформи, бидејќи тие се обидуваат да профитираат на создавање на нови дигитални пари како ова на Facebook.

Facebook, Twitter и Telegram

Гласини дека Facebook планира сопствена криптовалута циркулираат уште најмалку од мај минатата година, кога анонимни извори на интернет изјавија за медиумскиот веб-сајт Cheddar дека гигантот на социјалните медиуми е “многу сериозен” за лансирање на in-app дигитална валута. И покрај што останаа непотврдени, ваквите изјави беа поттикнати во последниве месеци, со една статија на The New York Times во која се тврди дека Facebook ја промовира својата монета (која наскоро ќе биде објавена) на бројни крипто берзи.

Извештајот на Times го потврди делот на Bloomberg од декември, кој уште еднаш ги цитираше анонимните инсајдери и кој потврди дека криптовалутата ќе биде stablecoin поврзан со fiat кој ќе се користи со WhatsApp, потенцијално со фокус на трансферите на пари. Без оглед на тоа дали монетата ќе биде употребена од WhatsApp, Facebook или Instagram (сите во сопственост на Facebook), очигледно дека Facebook работи на некој вид проект поврзан со крипто, бидејќи во мај 2018-та година тие формираа блокчејна група на чело со Дејвид Маркус (некогашен член на Coinbase одборот) која истражуваше како нивните платформи може да имаат корист од крипто.

Затоа е само прашање на време пред Facebook официјално да се вклучи, на еден или друг начин, во крипто и блокчеjн просторот. И за оние кои работат во крипто, таквата вмешаност може да има значително позитивни импликации за индустријата. Како што Најџел Грин, извршниот директор на DeVere Group, изјави за медиумите, доаѓањето на Facebook “ќе покаже дека дигиталните пари, како концепт, се целосно мејнстрим и неизбежно се патот кон кој се води светот – и покрај протестите од таквите личности како Ворен Бафет.”

Грин додава дека местото на крипто во рамките на мејнстримот веќе е докажано со фактот дека Facebook и други социјални мрежи веќе некое време се осврнуваат кон користењето на криптовалути. Навистина, покрај Facebook, Twitter исто така флертува со крипто. И покрај тоа што нема сигурни веројатности дека планира сопствена валута, платформата се повеќе го поддржува Биткоин во последниве месеци, и покрај привремената забрана за реклами поврзани со крипто во март 2018-та година (како што направи и Facebook). На пример, извршниот директор Џек Дорси во неколку изјави кажа дека верува дека Биткоин ќе стане “домашна валута” на Интернетот и дека Биткоин е единствениот крипто кој го поседува.

Twitter самиот поддржува бројни иницијативи поврзани со Lightning Network, како што е потпишувањето на Lightning Torch (aka LN Trust Chain), проект чија цел е подигнување на свеста за мрежата и тестирање на нејзините способности. И со оглед на тоа што Дорси е исто така основач и извршен директор на Биткоин-поддржувачкиот Square, можеби е неизбежно дека Twitter ќе почне да ги интегрира криптовалутите во својата платформа порано или подоцна.

Уште неизбежно е дека Рускиот Telegram ќе ја објави својата криптовалута GRAM до октомври (најдоцна), како што е планот и за лансирање на Telegram Open Network (TON), блокчејна платформа поставена како ривал на Ethereum и EOS за развој и распоредување на DApps. Telegram веќе има повеќе од 200 милиони месечно активни корисници (пред една година), така што е веројатно дека голем број луѓе ќе имаат можност да користат крипто на дневна основа откако TON ќе заживее.

Централизирано или децентрализирано?

Истото важи и за неодамна лансираната VK Coin од Vkontakte, друга социјална мрежа и третата најпопуларна веб-страница во Русија. Во комбинација со подвизите на Telegram, Twitter и Facebook, со ваквите дизајни можеме да видиме дека титаните во светот на социјалните медиуми стануваат дел од најголемите играчи во крипто индустријата, ако не и најголемите играчи. И според Грин, ова треба да им даде на постоечките криптовалути и платформи сериозна причина за загриженост.

“Facebook и Twitter имаат огромно влијание и ресурси, и би можеле да одземат добар дел од пазарот од постоечките криптовалути”.

Сепак, иако е тешко да се ослободиме од впечатокот дека Facebook (и другите гиганти на социјалните медиуми) ќе направи големи пробиви во крипто просторот, сè уште не е очигледно дека дигиталната валута што треба да биде лансирана ќе биде навистина децентрализирана криптовалута. Со оглед на тоа како целиот бизнис модел на Facebook се врти околу контролирањето на податоците генерирани од своите корисници, на секојдневните набљудувачи може да им се прости за претпоставката дека Facebook нема да ја довери операцијата и валидацијата на својата валута на расфрлана мрежа на корисници, особено кога оваа валута очигледно ќе биде stablecoin наменета за употреба во екосистемот на Facebook.

“Facebook или Twitter монета не е криптовалута”, изјави Артур Хејс – извршен директор и ко-основач на BitMex. Хејс продолжи, велејќи:

“Овие токени кои ќе бидат употребувани во нивните екосистеми. Корисниците ќе мора да им веруваат на овие компании дека ќе ја користат мрежата во доверба и дека ќе ја штитат нивната приватност. Единственото што овие токени ќе имаат заедничко со Биткоин е дека зборот “монета” би можел да се користи во нивните имиња. Тие нема да имаат никаков ефект врз Биткоин и други слични криптовалути кои работат на јавна peer-to-peer мрежа”.

Ваквите сомневања во врска со децентрализацијата се засилени со веста дека неодамна лансираниот VK Coin на Vkontakte не ја користи блокчејн технологијата на било кој битен начин. Сепак, и покрај ваквите рани удари против кредибилитетот на монетите на социјалните медиуми, постојат мешани мислења меѓу експертите и коментаторите за тоа колку би била централизирана една валута издадена од Facebook, Twitter или некој друг.

Икбал В. Гандман – управен директор на eToro United Kingdom – смета дека монетата на Facebook ќе биде претежно централизирана, иако тоа не мора да ја дисквалификува од “вистинска” криптовалута. “Криптовалутите може да бидат и централизирани и децентрализирани”, изјави тој. “Чистата природа на платформи како што се Facebook и WhatsApp, значи дека нивните криптовалути ќе бидат централизирани. Facebook и Whatsapp се како заштитени градини, односно мора да се најавите за да им пристапите, па мислам дека луѓето веројатно ќе можат да ги користат своите монети само во тие платформи, наместо на друго место.”

Лу Kerner на CryptoOracle најчесто се согласува со таква проценка. “Facebok најверојатно ќе има децентрализирани елементи и централизирани елементи, бидејќи Facebook е очигледно централизиран и нема функционален децентрализиран систем на управување”, изјави тој за медиумите. Но, други личности кои се вклучени во крипто мислат дека таквиот скептицизам е неоправдан, особено поради тоа што Facebook неодамна беше толку нестрплив да го поправи својот лош имиџ.

“Колку што можам да кажам, овие криптовалути ќе бидат децентрализирани, бидејќи Facebook се обидува да профитира од крипто феноменот, а еден од главните делови на криптовалутите е децентрализираниот статус”, вели Грин. “По неодамнешниот Facebook скандал во врска со приватноста на корисниците, мислам дека можеме да очекуваме тие да го дуплираат својот напор во оваа област, бидејќи контролата ќе биде огромна”.

Се разбира, дебатата околу вистинското значење на “децентрализирано” може да трае бесконечно, но веројатно е дека контролата над Facebook монетата нема да биде целосно централизирана. Не само што ова би ја поразило поентата да се лансира криптовалута (наспроти некој систем на дигитални кредити или ваучери), но тоа би било спротивно на горенаведените извештаи кои тврдат дека Facebook разговара со крипто берзи. Ако Facebook планира да ја стави својата монета на берза, тогаш јасно е дека се океј со идејата да се продава и дистрибуира надвор од нивната јурисдикција.

Корисничко искуство = усвојување

Покрај децентрализацијата, уште едно големо прашање во врска со идејата за криптовалути на социјалните медиуми е дали тие би можеле да го надминат корисничкото искуство. Платформите како Facebook, WhatsApp и Telegram се популарни во голема мера затоа што се толку едноставни за употреба. Затоа, воведувањето на криптовалути и крипто плаќања може да биде деликатен бизнис, имајќи предвид дека најобичниот човек сѐ уште не разбира како крипто функционира.

Таквите стравови можеби изгледаат површно рационални, но веројатно нема да бидат неосновани. “Компаниите како Facebook и Twitter се свесни дека клучот за добар производ е кориснички интерфејс”, објаснува директорот на eTor, Икбал В. Гандам. “Воведувањето на сопствените криптовалути не треба да ги направи овие платформи покомплицирани за корисниците, туку едноставно да бидат само уште една услуга за нивно користење”.

Ова се чини дека е консензус меѓу другите коментатори, од кои сите укажуваат на историјата на платформи како Facebook кои ги прават нивните интерфејси намерно едноставни за употреба. “Што и да направат Facebook или WhatsApp сигурно ќе биде премногу едноставно”, потврдува Лу Кернер. “Затоа се тие Facebook и WhatsApp.”

Всушност, веројатно е дека корисничкото искуство на Facebook или Twitter монетата ќе биде толку едноставно што, наместо да ги оттурнува луѓето од Facebook или Twitter, всушност повеќе ќе ги привлече луѓето кон криптовалутите, правејќи ги да сфатат дека крипто не треба да биде комплицирано. “Влијанието на овие платформи во лансирањето на крипто средства во крипто индустријата ќе биде многу поголемо”, вели Гандам. “Тоа ќе помогне за чекор напред во користењето на крипто од страна на јавноста. Исто како што PayPal ја зголеми свеста за своето користење преку соработка со eBay”.

И бидејќи крипто и блокчејн веќе се на бранот на усвојувањето, веројатно е дека двата процеси би можеле да се спојат на начин кој создава еден вид на позитивен фидбек циклус, со што ќе се забрза целокупното усвојување. “Се повеќе и повеќе луѓе се навикнуваат на криптовалутите и масовното усвојување постојано добива на моментум, па затоа не мислам дека тоа ќе биде проблем”, изјави Грин, кој верува дека, далеку од преголемо комплицирање на работите, крипто ќе “го засили корисничкото искуство” за Facebook и другите платформи кои го усвојуваат.

Нови економии

Значи, постои општ консензус дека Facebook и други социјални медиумски платформи планираат да лансираат свои криптовалути, и дека таквите валути ќе влијаат позитивно за засегнатите платформи и за нивните корисници. Прашањето е: Какви пошироки последици ќе имаат Facebook Coin, Twitter Coin или GRAM?

Најзначајно е дека таквите монети би можеле да предизвикаат промена во личното банкарство и финансиите, особено кога веројатно криптовалутата на Facebook ќе биде stablecoin, поврзан со вредноста на голем број fiat валути. “Сите криптовалути и пошироки fintech решенија веќе се оддалечуваат од традиционалните банки”, објаснува Грин. “Тие ја пополнуваат празнината оставена од традиционалниот начин на вршење на работите, како што светот се забрзува и станува се повеќе глобализиран и дигитализиран”.

Се уште не е сигурно како точно ќе функционира монетата на Facebook. Но, ако гласините дека ќе овозможат трансфер на пари се вистинити, тогаш ова ќе обезбеди една област во која некој како Facebook директно може да се натпреварува со банки и други финансиски институции. И бидејќи stablecoin поддржана од fiat ќе бара Facebook да биде сопственик и на пропорционален износ на американски долари (или која и да е fiat валута која ќе се користи), влегувањето на Facebook во крипто ќе го присили да дејствува како банка во одржување на потребните резерви. Затоа тоа би било менувач на играта, не само за крипто, туку и за самиот Facebook, кој со помош на криптовалутата ќе се трансформира од социјална мрежа на нешто многу поголемо и влијателно.

Импликациите од ова за банкарството (и за самиот Facebook) би можеле да бидат огромни, во зависност од употребата која Facebook ја планира за својата монета. Со над 2 милијарди месечно активни корисници, социјалната мрежа би можела да обезбеди финансии за милиони од 1,7 милијарди луѓе во светот кои немаат сметка во банка (две третини од нив поседуваат мобилен телефон). Тој би можел да успее, каде безброј компании и институции не успеале, а додека некои експерти се уште не се сигурни за тоа колку далеку Facebook и другите мрежи би можеле да одат во оваа насока, други сметаат дека финансирањето на социјалните медиуми е една од логичките крајни точки на собирање многу податоци релевантни за финансиите на корисниците.

“Социјалните медиумски компании со големи активни кориснички бази ќе ги заменат традиционалните банки во дистрибуцијата на финансиски производи”, вели Хејс. “Тие го поседуваат вниманието на помладата генерација и имаат длабоко разбирање на нивното однесување од податоците што ги собираат. Ова ги прави социјалните медиуми најдобро распоредени за продажба на кредити, кредитни картички и инвестициски производи. Тие всушност не треба да станат авторизирана банка, туку можат само да ги користат регулираните канали на традиционалната банка и да создадат прилив на приходи од големи надоместоци”.

И покрај ваквите радикални можности, некои коментатори не очекуваат тој да ги замени банките во скоро време. “Како и со секоја еволутивна фаза на парите, претходната фаза никогаш не исчезнува целосно”, изјави Гандам. “Со почетокот на дигиталното банкарство, парите не исчезнаа.На ист начин, јас не гледам крипто замена на fiat. Банкарството, исто така, обезбедува и други услуги настрана од трансфер и складирање на пари”.

Но, дури и ако криптовалутите на социјалните медиуми не доведат до исчезнување на “традиционалното” банкарство, сепак тие ќе влијаат на други значајни области. Тие ќе резултираат со создавање на нов екосистем на услуги и производи изградени за да профитираат на појавата на нови пари, а тие исто така може да променат како социјалните мрежи се монетизираат себеси и стануваат профитабилни. “Рекламите не се последната граница за Facebook и социјалните мрежи”, изјави Макс Царик – извршен директор на Monfex. “Издавање на сопствена криптовалута има моќ да создаде сосема нова економија каде што корисниците можат да складираат вредност и да платат за платена содржина или претплатнички услуги. Ние веруваме дека Facebook и Telegram ќе му покажат на светот дека криптовалутите дозволуваат да прифатат сосема нов монетизиран модел , радикално различен од сегашниот статус кво.”

Создавањето на нов екосистем за Facebook Coin, за GRAM или за било кој друг нов крипто е очигледно другата страна на проблемот на усвојувањето. Со други зборови, ако Facebook Coin се здобие со широко прифаќање и употреба, компаниите ќе треба да обезбедат услуги и производи со кои луѓето можат да ја користат криптовалутата. Во спротивно, циркулацијата, користењето и усвојувањето на соодветниот крипто ќе остане ограничена. Но, бидејќи досегот и ресурсите на Facebook се толку значителни, веројатно е дека многу компании и платформи ќе преземат напори за да обезбедат услуги за новите сопственици на монетата на социјалната мрежа.

И, исто така, најверојатно е дека ако Facebook, Telegram и другите социјални мрежи успеат со своите нови криптовалурти, другите социјални мрежи ќе бидат принудени на истиот чекор од конкурентскиот притисок. “Многу е веројатно дека таму каде што Facebook е лидер, ќе следат и други социјални мрежи”, вели Грин, кој не е сам во своите предвидувања. “Секој ќе има своја криптовалута”, се согласува Кернер, дури и ако не е сигурен колку ќе вредат повеќето криптовалути на тие социјални медиуми.

Но, без оглед на тоа дали поголемиот дел од монетите што ги лансира Facebook или некоја друга мрежа се или не се навистина криптовалути, Кернер смета дека нивното лансирање ќе биде добра работа за крипто воопшто. Како и Гандам, кој истакнува дека тие нема да се натпреваруваат директно со постојните криптовалути, се додека тие најчесто се ограничени на нивните соодветни платформи. “Секое вклучување на ‘традиционална’ и добро позната компанија, како што се Facebook и Twitter, во крипто индустријата е добра работа”, вели тој. “Таа не само што ја зголемува свеста и апетитот за луѓето да истражуваат други крипто средства, туку исто така додаваат кредибилитет на индустријата. Ова би требало да има позитивно влијание врз Биткоин, особено ако FB монетата е само за употреба на Facebook платформата, наспроти Биткоин кој се користи на сите други платформи “

Leave a comment