Facebook coin и како сето ова може да заврши

По неколкумесечни шпекулации и гласини, крипто светот е во исчекување на наредната недела, кога социјалниот медиумски гигант Facebook ќе го објави својот нов систем на плаќања и дигитален токен.

Некои извештаи тврдат дека тоа може да се случи на 18-ти јуни. Меѓутоа, самата монета може да биде лансирана во десетина земји во првиот квартал на 2020-та година.

Поврзана со кодот “Libra” и “GlobalCoin”, ние веќе сме слушнале од повеќе извештаи, поддржани од тврдењата на “луѓето запознаени со ова прашање”, дека новата дигитална валута ќе биде stablecoin, поврзана со бројни девизи, ќе биде употреблива преку WhatsApp и Messenger со нула такси, и дека Facebook има за цел да воспостави независна основа за надгледување на нивниот проект.

Но, она што не знаеме е дали тоа ќе има позитивно или негативно влијание врз биткоин и другите криптовалути. Дали ќе служи за промовирање на крипто воопшто и ќе резултира со поголемо усвојување, или ќе ги оттргне потенцијалните корисници подалеку од Биткоин и Етериум?

FaceCoin = повеќе усвојување

Па, одговорот на сите три од овие прашања е “да”, но исто така е и “не” и “можеби”. Бидејќи, дури и ако “Libra” на Facebook е замислена како самостојна монета која ќе се користи во екосистемот на Facebook од постојните корисници, охрабрувачки е да се види дека гигантот на социјалните медиуми го отвора патот до поширокиот крипто универзум.

Facebook разговараше со повеќе крипто берзи за да ја наведат неговата монета на нивните листи, според претходни извештаи од медиумите.

Ако Facebook навистина сака да ја нaведе својата монета на берзи, тоа во целина е добро за крипто, бидејќи покажува дека социјалната мрежа е подготвена да им дозволи на луѓето да ја заменат за други, постабилни криптовалути. И со дозволување на ова, “GlobalCoin” ефективно ќе се прослави помеѓу милијардите корисници на Facebook, нешто што во крајна линија може да резултира со многу повеќе луѓе кои би купувале на поширокиот крипто пазар.

Како што аналитичарот Лу Кернер вели: “Се што ги поттикнува луѓето да користат криптовалути е одлично за индустријата и има потенцијал да биде портал за други монети”.

Исто така е охрабрувачки да се види дека Facebook, наводно, планира да воспостави независна основа за надгледување на работата на “Libra”. Како што објавија вчера, капиталните инвеститори, финансиските инвеститори, електронската трговија, телекомуникациските компании, како што се Visa, Mastercard, PayPal Holdings и Uber Technologies, се согласија да го поддржат проектот и да платат по 10 милиони долари.

Уште еднаш, таквата независност и (релативната) децентрализација би можеле да обезбедат дека “Libra” нема да стане (премногу) строго контролирана од Facebook, и е отворена за трговија на поширокиот крипто пазар, што доведува до дополнителни конвертирања кон крипто.

FaceCoin ≠ повеќе усвојување

Но, вреди да се истакне дека, исто така, според извештаите, Facebook ќе им наплаќа на потенцијалните учесници 10 милиони долари да станат јазол на “Libra”. Може да се каже дека оваа такса за учество не остави добар впечаток во крипто заедницата.

“Неверојатно е разочарувачки да се слушне дека тие донеле план каде што вклучувањето во системот чини 10 милиони долари по седиште”, изјави проф. Емин Гун Сирер, во разговор со The Information во почетокот на јуни. “Целата поента на блокчејн е намалување на бариери”.

Поради оваа бариера, можно е јазлите да бидат окупирани од хомогена подгрупа на компании и институции, организации кои можеби не се особено либерални кога станува збор за користењето на платниот систем “Libra” надвор од екосистемот на Facebook.

Без оглед на тоа, постои и можност дека огромното мнозинство корисници на Facebook – луѓето кои први ќе ги имаат новите токени – нема многу да се грижат за децентрализацијата или за купување на поширокиот крипто пазар.

“Многу малку Facebook корисници се грижат за децентрализацијата денес”, се согласува Лу Кернер. “Ниту пак се грижат за менување на глобалниот финансиски систем. Она за што тие се грижат е подоброто функционирање на работите. Тие се грижат за подобро поврзување со светот околу нив.”

Facebook корисниците се грижат за работите да работат подобро, и во овој поглед е интересно да се забележи дека внатрешни извори сугерираат дека “Libra” ќе бидат попродавани во земјите во развој, каде што соодветните национални валути се нестабилни.

Со други зборови, Facebook ја планира “Libra” како самостоен и слободен систем за плаќање, кој може да се користи со доверба кога другите алтернативи не се достапни.

Овој став е поддржан од извештаите дека Фацебоок разговаралe со Visa, Mastercard и голем број онлајн продавници во врска со можноста да се прифати “Libra” како средство за плаќање.

Со тоа Facebook се надева дека нивниот токен ќе стане единствената дигитална валута што им е потребна на корисниците. Ова може да биде особено точно за оние земји кои претходно биле цел на Facebook услугата ‘Free Basics’, која обезбедува бесплатен интернет пристап до земјите во развој по цена на ограничување на веб-сајтовите до кои луѓето можат да пристапат.

Leave a comment