Facebook ја објави крипто белата книга за својата валута Libra

Гигантот на социјалните медиуми Facebook, денеска на 18-ти јуни ја објави белата книга за својот долгоочекуван проект за финансиска крипто и блокчејн инфраструктура.

Според книгата, глобалната stablecoin на Facebook наречена “libra”, ќе работи на сопствен и скалабилен Libra блокчејн и ќе биде поддржана со резерва на средства кои наводно “се дизајнирани за да ја дадат суштинската вредност” и да ги ублажат флуктуациите од нестабилноста.

Овие средства се состојат од мноштво банкарски депозити и краткорочни државни хартии од вредност кои ќе се чуваат во Libra Reserve за секоја Libra која ќе се издава.

Веб-страницата за дигиталното средство, calibra.com, беше кратко падната околу 5 часот утрово, кога всушност беше пуштена.

Новата криптовалута ќе биде регулирана од непрофитен конзорциум со седиште во Швајцарија – “Libra Association” – кој ги брои Mastercard, PayPal, Visa, Stripe, eBay, Coinbase, Andreessen Horowitz и Uber меѓу неговите основачи.

Facebook наводно планира да ја прошири асоцијацијата на околу 100 членови до времето на лансирање на Libra во првата половина на 2020-та година. Белата книга забележува дека:

“Додека органот за донесување конечни одлуки е во основата на здружението, Facebook се очекува да ја одржи лидерската улога до 2019-та година. Facebook ја создаде Calibra, регулиранa подружница, за да обезбеди раздвојување помеѓу социјалните и финансиските податоци, и за градење и сработување услуги во негово име на Libra мрежата.”

Libra Association сама по себе е управувана од Libra Association Council. Членовите на советот се членовите-основачи, од кои секој од нив работи на валидаторски јазол на мрежата и беше потребно да направат минимална инвестиција од 10 милиони долари за да ја осигураат својата позицијата. Секоја инвестиција во висина од 10 милиони долари му обезбедува на секој член по еден глас во Советот, според Facebook.

Facebook, исто така, го откри лансирањето на Libra Investment Token  – различен од неговата глобална корисничко-ориентирана криптовалута libra – која може да се купи или да се дистрибуира како дивиденда на основачите на здружението и акредитирани инвеститори.

Бидејќи libra не е технички поврзана со која било национална валута, белата книга вели дека корисниците не секогаш ќе можат да го откупат токенот за фиксен девизен износ, иако Facebook тврди дека резервните средства се избрани за да се минимизира нестабилноста.

Додека резервните средства, наводно, ги држи “географски дистрибуирана мрежа на чувари”, со цел да се обезбеди децентрализација, резервите се управувани од самата асоцијација, која е единствената со способност да ја креира и уништи монетата.

Нови libra монети ќе бидат креирани откако овластените препродавачи ги купиле монетите од асоцијацијата со доволно девизи за целосно да ја вратат нивната вредност и ќе ги “изгори” кога овластените препродавачи ќе го продаваат токенот назад кон здружението во замена за основни средства. Покрај тоа, во белата книга се наведува:

“Бидејќи овластените препродавачи секогаш ќе можат да продаваат libra монети на резервите по цена еднаква на вредноста на валутите со кои е поврзана, Libra Reserve функционира како “купувач во крајна нужда”.”

Facebook понатаму напоменува дека софтверот што го имплементира Libra блокчејнот е софтвер со отворен код со цел да се создаде интероперабилен екосистем на финансиски услуги и проширена инклузија.

Претходните извештаи укажаа дека монетата ќе ги олесни исплатите преку разни платформи во сопственост на Facebook, вклучувајќи ги WhatsApp, Messenger и Instagram, давајќи и на новата монета потенцијална изложеност на комбинирани 2,7 милијарди корисници секој месец.

Leave a comment