Facebook планира да стане најголема централна банка во светот?

Facebook креира сопствена дигитална валута и може да стане најголема банка во светот. Еве зошто ..

“Facebook гледа да ја поврзе вредноста на монетата со мноштво на различни странски валути … кои ќе бидат чувани на банкарските сметки на Facebook”.

“Facebook и Telegram се надеваат дека ќе успеат каде биткоин не успеа”, од Натаниел Попер и Мајк Исак, The New York Times, 28-ми февруари 2019-та година

Според The New York Times, Facebook создава сопствена криптовалута. Таа ќе се користи на WhatsApp, поседуван од страна на Facebook, за да се олеснат трансакциите меѓу корисниците.

Потегот на Facebook e очигледно спротиставување на заканата од доаѓањето на месинџер ривалите Telegram и Signal. NYT изјави дека тајниот напор на Facebook за изградба на сопствена криптовалута “започна минатата година откако Telegram покрена 1,7 милијарди долари за да го финансира својот проект за криптовалута.”

Меѓу Messenger, WhatsApp и Instagram, кои ги поседува Facebook, постојат колективни 2,7 милијарди корисници. Ако Facebook одлучи да ја врати вредноста на својата дигитална монета со странски валути, тогаш тој би можел да стане најголема централна банка во светот – затоа што тоа го прават централните банки; печатат пари поддржани од економијата и девизните резерви на нивната земја.

Не само што ова ќе стане монументално во светската економска историја, исто така ќе стане сериозна и брза закана за постоечките гиганти од финансиската индустрија.

Збогум Visa и MasterCard

Двете најголеми компании за кредитни картички во светот се Visa и MasterCard. Тие ни обезбедуваат способност да извршиме трансакција без да носиме готовина. Потоа тие трансакции ги подмируваат со нашите банки.

Ако Facebook издаде своја дигитална валута, а сите нејзини корисници имаат Facebook мобилен паричник со Facebook монети, тогаш потребата за кредитни картички ќе се намалува се повеќе и повеќе.

Збогум купување преку интернет, вие ќе плаќате за истото со Facebook монети. Многу апликации веќе интегрирале кориснички најави со Facebook акаунт. Плаќањето е само уште еден чекор подалеку.

Ќе купите лате од блискиот кафич, ќе го извадите вашиот телефон на шанк и ќе платите со Facebook монети наместо Apple Pay или Google Wallet. Facebook дефинитивно ќе промовира маркетиншки стимулации за корисниците да платат со своите Facebook мобилни паричници во моментот на купувањето.

И ако Facebook ја поддржува вредноста на конвертирање на своите монети со реални пари, малкумина ќе ја видат потребата честопати да ги конвертираат своите Facebook монети во и надвор од своите Facebook мобилни паричници.

Но, зошто воопшто да купите Facebook монети?

Поради големата разлика што ќе ја направat за е-трговијата.

Е-трговија F.0

Кога Facebook монетата ќе биде лансирана, тоа би можело да ја донесе е-трговијата на сосема ново ниво.

Facebook ќе го постигне својот сон за онлајн трговците да можат да објавуваат и продаваат средства директно во рамките на своите апликации, до процесот на плаќање. Нема повеќе кликање на линкови до трети страни. Нема повеќе пишување на кредитна или деталите од акаунтот на PayPal. Онлајн шопингот ќе стане процес во два чекора со апликациите на Facebook. Гo гледам нештото, ми се допаѓа, кликам на ‘купи’, и потврдувам. Facebook монетите веднаш се префрлаат од мојот мобилен паричник кон продавачот.

Нема да има ширење на девизниот курс и трансакциските трошоци ќе бидат далеку пониски. Социјалните мрежи, инстант пораките и електронската трговија ќе станат навистина интегрирани. Потрошувачите ќе очекуваат погодност од трансакции со два клика. Постоечките платформи за е-трговија кои користат традиционални платежни портали ќе треба да се прилагодат за да се натпреваруваат.

Facebook станува најголема валута во светот

Извештајот на NYT вели дека “Проектот на Facebook е доволно далеку развиен за гигантот за социјално мрежи да разговара со крипто берзи за продажба на Facebook монетата за потрошувачите”.

Ова потенцијално може да создаде најголем пазар за приватни размени на валута во светот. Населението во светот е околу 7,7 милијарди луѓе. Кина е најнаселена земја во светот со 1,4 милијарди. Само WhatsApp има 1,5 милијарди корисници. Ставете го Facebook Messenger и Instagram во равенката, ниту една друга валута нема нешто блиску до потенцијална база на корисници од 2,7 милијарди. Тоа би можело да стане монетата на Facebook – најиманата и корисна валута во светот!

Тоа ќе создаде девизен пазар чија големина светот никогаш не ја видел досега. Facebook потенцијално може да стане помоќен од било која друга централна банка.

Во исто време, како што Facebook монетите се повеќе и почесто ќе се тргуваат од страна на корисниците, ќе се појави пазар за деривати на Facebook монети – фјучерси на Facebook монетата, напредни договори, опции, каматни стапки итн.

Facebook се соочува со вистинска дилема тука. Добива многу јавни реакции за продажба на корисничките податоци во последниве години. Но, ако се сврти кон другата екстремност и гарантира апсолутна приватност како ривалите Telegram и Signal, тогаш тој би можел да стане друг Silk Road, црн пазар на интернет кој прво го популаризираше Биткоин кога корисниците почнаа да го користат за купување и продажба на дрога.

NYT вели дека Facebook монетите би можеле да бидат издадени уште во првата половина од оваа година. Наскоро светот ќе ги знае одговорите на гореспоменатите сценарија.

Leave a comment