Facebook и Instagram сега имаат проблем со лажните Libra реклами

Додека Facebook се бори за согласност за својот крипто-проект Libra, бран на лажни Libra акаунти се појавија на интернет, вклучително и на самиот Facebook.

Според извештајот на The Washington Post на 22-ри јули, речиси десетина лажни Libra веб-страни се раширија низ Facebook и нејзината апликација за споделување фотографии Instagram, претставувајќи се како официјални ентитети за многу дискутираната дигитална валута.

Facebook ги отстрани лажните Libra веб-страници само по предупредувањето од Washington Post

Како што се вели во извештајот, голем број од овие лажни акаунти на Facebook и на Instagram беа отстранети на 22-ри јули само откако The Washington Post го извести Facebook дека постојат. Елка Лукс, менаџер за комуникации во Calibra, наводно изјавила дека Facebook ги отстранува рекламите и веб-страниците што ги прекршуваат нивните политики кога ќе станат свесни за нив.

Некои од лажните реклами за Libra нудеа учество во пред-продажба на уште непроверените монети на Libra со попуст, додека многу други го вклучуваа facebook логото, фотографии на извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг или официјалните маркетинг материјали на Libra, се вели во извештајот.

Еден јасен пример за онлајн Libra фалсификати е веб-страницата на Buylibracoins.com, која го копира логото на Libra од официјалната веб страница Libra.org, и им овозможува на корисниците да креираат акаунт и да инвестираат во Libra со големи криптовалути како Bitcoin (BTC). Додека Instagram профилот на веб-сајтот е наводно отстранет, веб-страницата останува достапна од прес време.

Лажниот Libra веб-сајт Buylibracoins.com

Лажните реклами ја разнишаа довербата во Facebook и Libra

Есвар Прасад, професор по економија на Cornell University, укажа на длабока иронија во тоа што самиот Facebook се користи како платформа која може да ја разниша довербата во својот крипто проект. Нагласувајќи го проблемот на доверба како главна пречка на Facebook на неговиот пат кон воведување на глобалната криптовалута, Прасад изјави во извештајот:

“Facebook има огромна глобална мрежа и огромни финансиски поткрепи. . . Но, единствениот начин на кој Libra ќе функционира како медиум за размена е ако секој може да и верува. И сега тоа е големо проблем: дали ќе се има доволно доверба во Facebook.”

Facebook ги укина правилата за крипто рекламите еден месец пред да ја објави белата книга на Libra

Во почетокот на 2018-та година, Facebook ги забрани рекламите за криптовалути и ICO на својата платформа, со цел да се забрани рекламирањето кое користи “лажни или измамнички промотивни практики”.

Сепак, гигантот на социјалните медиуми ги укина ограничувањата во мај 2019-та година, отприлика еден месец пред објавувањето на белата книга за својот крипто проект на 18-ти јуни.

Во меѓувреме, Дамјан Колинс, висок официјален претставник во Британскиот парламент, неодамна тврдеше дека Libra ќе биде отворена за масовни измами, бидејќи ќе биде креирана и контролирана од Facebook и ќе биде недостапна за сите надвор од “оградената градина на Facebook”.

Leave a comment