Facebook и Швајцарските регулатори: сагата продолжува

Швајцарските регулатори за приватност соопштија дека социјалниот медиумски гигант Facebook заостанува во своите одговори на нивните барања.

Неодговорено писмо

Извештајот на Reuters објавен на 23-ти јули откри дека Швајцарската Федерална комисија за заштита на податоци и информации (FDPIC) на 17-ти јули испратила писмо до Libra Association, но сé уште не добиле никаков одговор. Libra Association е новоформиран, независен управувачки конзорциум за планираната криптовалута на Facebook, наречена Libra.

Имено, Дејвид Маркус, шеф на паричната услуга Calibra на Facebook, претходно посочи дека корпорацијата очекува FDPIC да служи како орган за надзор и заштита на податоци во контекст на Libra, со оглед на тоа што Здружението е регистрирано во Женева, Швајцарија.

Според Reuters, FPDIC бара повеќе детали од Facebook за да помогне во разјаснувањето на неговата улога во надгледувањето на планираниот проект Libra. Reuters ја цитираше мониторинг групата:

“FDPIC наведе во своето писмо дека како што не добило никакви индикации за тоа кои лични податоци ќе се обработуваат, Libra Association треба да ги информира за моменталниот статус на проектот, така што FDPIC би можеле да го проценат степенот до кој ќе се применуваат нејзините советодавни надлежности и надзорни овластувања”.

Клучната задача според FPDIC е да спроведе проценка на влијанието и заштитата од ризиците потенцијално поврзани со Libra.

Неодамнешната вест за нереагирањето на Facebook се појавува по континуираните прашања во врска со потегот за воспоставување на Libra во Швајцарија, што беше главна тема на расправии пред Американските конгресни комисии претходно овој месец.

“Нема никаква врска со избегнување на регулациите”

За време на сослушувањето пред претставниците на Претставничкиот дом на САД во средината на јули, Маркус одговараше на прашања за тоа зошто компанијата избрала да ја регистрира својата Libra Association во Швајцарија, а не во САД, “Изборот за Швајцарија”, тврдел Маркус, “немаше никаква врска со избегнување на регулации или надзор “- наместо тоа тврдеше дека државата е меѓународно место кое е погодно за деловно работење.

Конгресмените од целиот политички спектар беа скептични во врска со изборот на Швајцарија. Претседателот на Комитетот за финансиски услуги Максин Вотерс, истакна дека земјата “има историја за создавање рај за криминалците и сомнителните корпорации”.

Како одговор на ваквото сомневање, Facebook ги увери пратениците дека се поврзува со Швајцарскиот финансиски регулатор, органот за супервизија на финансискиот пазар, и ќе се обиде да ги задоволи сите регулаторни барања пред да ја лансира криптовалутата.

Недостатокот на одговор од страна на Facebook кон Швајцарските регулатори нема да го увери Конгресот дека Facebook дејствува со добра волја. Синоќа, Банкарскиот комитет на Сенатот објави уште едно сослушување околу пошироката регулаторна политика кон криптовалутите закажано за 30-ти јули.

Фирмата за социјални медиуми неодамна се спогоди со Американските регулатори да исплати парична казна од 5 милијарди долари како казна за неуспесите да ја заштити приватноста на корисничките податоци. Како дел од спогодбата, од Facebook исто така ќе се очекува да формира нов извршен комитет за надзор на приватноста, како што извести Wall Street Journal оваа недела.

Leave a comment