Facebook го планира дебито за својата криптовалута на 18-ти јуни

Facebook е конечно подготвен да открие детали за неговата криптовалута под кодното име Libra. Во моментов објавувањето на белата книга е предвидено за 18-ти јуни, во кој ќе бидат објаснети основите на нивната криптовалута, според еден извор кој вели дека Facebook им го ветил тој датум на своите партнери за повеќе инфо.

Во меѓувреме, шефот на Финансиски услуги и платежни партнерства за Северна Европа, Лаура МекКрекен, изјави за Германскиот магазин WirtschaftsWoche, дека белата книга ќе дебитира на 18-ти јуни и дека криптовалутата навистина ќе биде поврзана со мноштво валути наместо со една како американскиот долар за да се спречи флуктуации на цените. Таа изјавила дека не била вклучена во она што го прави тимот на Дејвид Маркус [Facebook Блокчејн],и дека би требало да почекаме до 18-ти јуни, кога треба да се објави белата книга за да се добијат повеќе детали. Таа изјавила дека смета дека датумот веќе е јавно познат факт, а тоа не било така.

Потоа, вчера онлајн порталот TechCrunch доби барање за обавување на вести за 18-ти јуни од еден од менаџерите за комуникации од блокчејниот тим на Facebook. Алекс Хит и Џон Виктор oд The Information, исто така, објавија вчера дека проектот за криптовалутата на Facebook ќе започне подоцна овој месец.

Facebook одби да коментира за какви било новости во врска со нивниот крипто проект. Секогаш постои шанса дека датумот на објавувањето може да се смени ако се појави проблем со партнерите или владите. Еден извор вели дека Facebook е насочен кон официјалното лансирање на криптовалутата во 2020-та година.

Дебито на Libra или така како што Facebook ќе одлучи да ја нарече, може да отклучи нова ера на трговија и плаќања за социјалната мрежа. Таа може да се искористи за да се понудат ниски или исплати без трошоци или помеѓу Facebook пријателите или дознаки за заработка на семејствата на работниците мигранти во странство, кои честопати се измамени од услугите за трансфер на пари.

Поништувањето на надоместоците за трансакции со кредитни картички исто така може да и овозможи на Facebook криптовалутата да понуди поевтин начин да им се исплаќа на трговци за традиционална електронска трговија, или да ги  олесни микротрансакциите за la carte новинските статии или плаќањата за креаторите на содржини. И подоброто разбирање за тоа кој што купува или какви брендови, би можеле да му помогнат на Facebook во мерењето, рангирањето и насочувањето на рекламите, со што би го засилил својата основна работа.

Како функционира Facebook криптовалутата

Еве што знаеме за блокчејн проектот на Facebook:

Име: Facebook, најверојатно, ќе го користи кодното име Libra како јавно име за неговата криптовалута, за која The Information известува дека нема да се нарекува GlobalCoin како што тврдеше BBC. Facebook регистрираше компанија за финансиски услуги наречена Libra Networks во Швајцарија, објави Reuters. Libra може да биде игра на зборови од LIBOR, кратенка за Лондонската интербанкарска понуда која се користи како референтна каматна стапка за позајмување меѓу банките. LIBOR е за банки, додека Libra е наменета да биде за луѓето.

Токен: Криптовалутата ќе биде stablecoin – токен дизајниран да има стабилна цена за да се спречат разликите и компликациите поради ценовните флуктуации за време на процесот на плаќање или преговарање. Facebook разговараше со финансиските институции во врска со придонесот на капитал за да формира група од повеќе меѓународни девизни валути и нискоризични хартии од вредност што ќе послужи како безбедносен додаток за стабилизирање на цената на монетата, објави The Information. Facebook работи со различни држави за да го одобри промовирањето на stablecoin-от.

Главниот на Facebook блокчејн тимот Дејвид Маркус (лево) зборува на TechCrunch Disrupt 2016

Употреба: Криптовалутата на Facebook ќе биде пренослива со без никакви такси преку Facebook производи, вклучувајќи ги Messenger и WhatsApp. Facebook преговара со трговци за прифаќање на токенот како плаќање, и може да понуди бонуси за пријавување. The Information, исто така, објави дека Facebook, сака да креира физички уреди за банкоматите за да можат корисниците да разменуваат традиционални средства за криптовалутата.

Тим: блокчејн проектот на Facebook е надгледуван од поранешниот претседател на PayPal и потпретседател на Facebook Messenger Дејвид Маркус. Неговиот тим вклучува поранешен Instagram заменик шеф на производи Кевин Вејл, поранешен корпоративен шеф на финансии на Facebook, Сунита Парасураман, за која The Information известува ќе го надгледува токенот, и многу други елитни инженери од редовите на Facebook. Тие работат во посветен дел од седиштето на Facebook надвор од видното поле на другите вработени за поголема тајност, иако природата на партнерствата потребни за лансирање на проектот доведоа до протекување на многу информации.

Управување: Facebook е во преговори за создавање на независно тело за надгледување на криптовaлутата, пишува The Information. Од компаниите се бара да платат 10 милиони долари за да работат на јазол кој може да ги потврди трансакциите направени со криптовалутата во замена за, како што кажаа, управување со токенот. Можно е операторите на јазли да имаат корист и финансиски. Со воведување на ниво на децентрализација во управувањето со проектот, Facebook можеби ќе може да избегне регулативи, со тоа што ќе има премногу моќ над глобалната валута.

Leave a comment