Facebook ги ревидира правилата за блокчејн реклами и крипто поврзани материјали

Рекламите кои се однесуваат на блокчејната технологија, новости од индустријата, како и настани и едукативни материјали за криптовалутите сега можат да бидат прикажани на Facebook без претходно одобрување. Гигантот на социјалните медиуми го објави овој развој на Facebook Business на 8-ми мај.

Ова претставува голема промена од минатата година, кога Facebook спроведе правила со кои бараше крипто и блокчејн промотерите да добијат претходна согласност пред да можат да користат реклами. Во соопштението за медиумите понатаму се наведува дека оваа промена нема да важи за реклами кои сакаат да промовираат одредена криптовалута, а рекламите за ICO остануваат забранети.

Наведената цел на таквите ограничувања е да ги спречат Facebook корисниците да бидат жртви на погрешни реклами. Рекламите кои сакаат да промовираат одреден производ, како што е одредена криптовалута, крипто берза или софтвер и хардвер за фармање, ќе треба да подлежат на ригорозен скрининг во позадина, кој го вклучува следното:

“… лиценците кои ги добиле, без разлика дали се тргуваат на јавна берза (или се подружница на јавна компанија) и други релевантни јавни податоци за нивниот бизнис”.

Како што претходно беше објавено од медиумите, одлуката на Facebook за забрана на криптовалути и рекламирање на ICO во јануари 2018-та година беше критикувана како непотребна и лоша за технолошкиот развој. Дежун Куиан, Основач на FUSION, коментираше дека:

“Оваа политика дефинитивно ќе ги заштити луѓето од измамите на грабливи проекти. Сепак објавувањето на “намерно проширена” политика секогаш е најлесниот начин, ама не и најдобриот пат за развој на технологијата. Не верувам дека забраната за реклами за е-трговија е добра идеја само затоа што луѓето се соочуваат со ризик да купат фалсификувани производи”.

Претходно оваа недела Facebook, наводно, ги стекнал правата за трговската марка “Libra” за неговиот таен крипто проект. Фирмата наводно бара 1 милијарда долари инвестиции за нивниот токен, кој ќе може да се користи на Facebook, Instagram и WhatsApp.

Leave a comment