Facebook бара советник за градење блокчејн партнерства за нови производи

Facebook продолжува со блокчејн регрутација, бидејќи социјалната мрежа планира да ангажира водечки комерцијален советник за своите иницијативи со технологијата.

Новиот оглас за работно место на страницата за кариера на компанијата вели дека кој и да дојде на таа позиција ќе биде одговорен/а за “изготвување и преговарање за широк спектар на договори поврзани со нашите блокчејн иницијативи, вклучувајќи партнерства потребни за да се лансираат нови производи и да се прошират таквите производи на меѓународно ниво”.

Друг дел од работата е советување на клиентите за правни ризици, деловни стратегии и други деловни проблеми. Комерцијалниот совет исто така ќе ги структурира односите на Facebook со клучните партнери и комерцијалните аспекти на производите и програмите.

Кандидатот треба да биде способен да “управува со бројни договори” и да има соодветни адвокатски квалификации: диплома и членство во најмалку една американска државна адвокатска комора.

Но работата, исто така, бара сериозна технолошка експертиза: “5 + години правно искуство, вклучително и 4 + години искуство во технолошки трансакции”, особено со блокчејн или платежна технологија и сродни правни проблеми. Се претпочита “силен интерес за мобилни и алтернативни плаќања”.

Амбициите на Facebook поврзани со блокчејн исплати, веќе се познати во претходните неколку месеци: во еден извештај на  New York Times во февруари, се откри дека гигантот на социјалните медиуми работи на токен за исплати преку медиумските платформи на компанијата, кои ги вклучуваат WhatsApp и Instagram.

Според изворите на NYT, криптовалутата, која се очекува да биде пуштена во првата половина од 2019-та година, ќе биде stablecoin поврзан со неколку fiat валути.

Друга можна употреба на блокчејн технологијата која ја планира Facebook, е интегрирано решение за идентитет, спомнато од страна на извршниот директор Марк Цукерберг во неодамна објавеното видео интервју со професорот по право на Харвард, Џонатан Цитраин.

“Во суштина, ги земаш твоите информации, ги чуваш на некој децентрализиран систем и имаш избор да се логираш на места без да мораш да поминеш низ посредник”, изјави Цукерберг.

Понатаму сигнализирајќи го интересот за оваа технологија, Facebook оваа година објави повеќе од 20 работни места поврзани со блокчејн.

Leave a comment