ETN vs. ETF: Која е инвестицијата од соништата?

Имаше голем отскок за инвеститорите да можат да купат Биткоин без всушност да мора да ја купат дигиталната валута. Производи – како што се futures – влегоа на пазарот и по нивното пристигнување на почетокот на декември минатата година, Биткоин стигна кон 20.000 долари.

Сепак, најголемата награда како понуда за инвеститорите – главно од институционализирана разновидност, кои сé уште се скептични за поседување на Биткоин – е фонд со кој се тргува со размена (ETF). Имаше притисок, преку SEC, да обид да се направи Биткоин ETF мејнстрим веќе некое време, почнувајќи со првиот обид на близнаците Винклвос во март 2017-та година.

Во меѓувреме, еден производ, наречен Bitcoin Tracker One, кој тргува на платформата за размена Nasdaq Stockholm уште од 2015-та година, понудил нешто што е познато како белешка со трговска размена (ETN), а оваа недела, одеднаш беше наведен во долари.

ЕТN се смета за “мека” алтернатива на Биткоин ETF, по кој многумина трчаат, но дури и со овој потег за да ја направат достапна за публиката во САД, да ја одвојат од регулативите на нивната земја и Комисијата за хартии од вредност (SEC ), немаше многу движење на пазарот.

Се чини дека, дури и со опција да се купи ЕТN, американските инвеститори – и парите од Wall Street што можат да ги донесат во Биткоин – немаат потреба да се грижат. Немаше возбуда на пазарот – пазар познат по тоа што ги превзема вестите како катализатор за подемите и падовите. Ова би можело да биде поврзано со фактот дека овој ЕТN не е ЕТF, но исто така може да биде и тежок став.

Зошто ETN а не ETF?

Овие производи, кои дозволуваат да се инвестира во Биткоин со релативна сигурност како инвеститори кои вушност не поседуваат вистинска стока, многумина ги пофалија, но тие исто така имаат и свои критичари.

ЕТF е пазарна сигурност која ги следи или индексот на фондови, стоката или збир на средства – и во овој случај, средството е Биткоин. Значи, она што ќе се случи, ако SEC дозволи Биткоин ЕТF, е дека фондот би купил основна сума на вистински биткоин и би ги дистрибуирал тие средства во акции, кои потоа се дистрибуираат до акционерите.

Така, тие ги прават многу поудобни и познати за институционалниот инвеститор кој користел ETF за други средства и стоки, и ова можеби е зошто многумина мислат дека тоа би можело да биде голема влезна точка за многу пари во биткоинскиот простор.

ЕТN, од друга страна – кој се смета за “мек” ЕТF – е должнички инструмент кој е поддржан од неговите издавачи, како што се банките, наместо збир на средства. Често, тие се фокусираат на езотерични стратегии кои не се вклопуваат во фондот.

Интересната дебата за тоа дали овие видови производи се потребни во криптовалентниот екосистем честопати се преувеличува со широката и сеопфатна природа на просторот. Постојат трговци, блокчејн инженери, богаташи кои брзо се збогатиле, крипто-анархисти и крипто-пуристи, кои сите овие работат околу Биткоин и други криптовалути, и сите имаат свои сопствени верувања.

Андреас Антонопулос е сосема против идејата за Биткоин ЕТF, изјавувајќи:

“Јас ќе морам да ви го скршам филмот […] Знам дека многу луѓе сакаат ETF да се случи, поради ‘to the moon’ и Lambos и сето тоа. […] Сè уште мислам дека тоа ќе се случи, јас само мислам дека тоа е страшна идеја. Јас сум против ЕТF. Мислам дека Биткоин ЕТF ќе биде штетен за екосистемот.”

Критиката на Антонопулос не е дека ЕТF ќе предизвика пад на цените или инвестиции да престанат. Всушност, тој понатаму вели:

“Сите се толку возбудени за ЕТF, бидејќи она што го видовме на други пазари [тоа] кога ЕТF ќе стане достапен – како што видовме во злато – цената драстично се зголемува, бидејќи одеднаш таа стока станува достапна за многу повеќе инвеститори. И овие инвеститори купуваат.”

Додека многумина го гледаат  ЕТF како kickstart кој им треба моментално на  крипто-пазарите од гледна точка на цените, Антонопулос тврди дека вистинските опасности од воведувањето на ЕТF лежат на друго место:

“Но, од друга страна е дека секогаш постојат вакви некои тврдења дека овие пазари на стоки се силно манипулирани. И отворањето на овие ЕTF само ја зголемува способноста на институционализираните инвеститори да манипулираат со цените на стоките – не само на пазарите каде што се тргувани како ЕТF, туку и пошироко.”

Зошто овој ЕТN не е пазарен двигател

Имајќи ги предвид тврдењата дека ETFs може да ја зголемат цената на стоката како што институционализирани инвеститори навалуваат на пазарот, може да изгледа чудно што најавата за оваа опција – т.е. ЕТN која може да се тргува со долари – донесе многу мало движење во маркетот.

Може да се претпостави дека помала, “побезбедна” опција за ЕТF ќе биде искористена и популарна за институционализираниот пазар, но можеби овие инвеститори ќе бидат упорни – или се уште се премногу bearish.

Џеф Килбург, основачот и извршниот директор на KKM Financial, објаснува дека Биткоин и неговата нестабилност ќе продолжат сé додека не се донесе одлука за ЕТF и дека дури и ЕТN нема да има многу удел во тоа.

“Мислам дека ќе има континуирана нестабилност, но тоа навистина зависи од овој фонд со кој се тргува со размена. […] Овие долгорочни, bullish купувачи треба да разберат дека луѓето ќе имаат пристап глобално на производ со кој се тргува преку платформа за размена, и ако дојде до тоа – и апсолутно сме сигурни дека доаѓа за кратко време […] оваа есен – тогаш мислам дека поттикот ќе продолжи.”

Килбург е јасно дека е оптимистичен за моќта која ЕТF би ја имал на пазарот, како и Барт Смит, шеф на дивизиската актива на глобалниот гигант на инвестициски пазари Susquehanna International Group, кој вели дека ЕТN има стекнато некоја тракција, но не е ни блиску толку експлозивен како можноста за ЕТF.

“Она што сега го гледате е дека брзо се враќаме таму каде што бевме претходно. Пред еден месец зборувавме за пробивање, но ова е поттик на bear пазарот. Додека не се насочиме кон нови височини, луѓето нема да купуваат.”

Смит се надоврза во резонирањето на Килбурн дека овој ЕТN не е толку голем во својот потенцијал као што е ETF:

“Ова не е толку големо колку што [би било] ако е регулирано со SEC. ЕТF во САД – е тоа беше регистрирано од SEC – и ќе има многу поголем ефект. Но, ако има нешто што ги носи новите пари кон цената на Биткоин, тогаш тоа би го кренало како што можете да замислите.”

ETF како Светиот Грал

Со ЕТN сега достапен за американските инвеститори – како и тргувањето со futures кое е можно преку голем број на институционализирани трговски куќи – Биткоин се уште не достигнува нови височини. Постои голема возбуда за можниот ЕТF, бидејќи SEC продолжува да размислува за повеќе апликации за разни биткоински ETFs.

Додека никој не може да ја предвиди иднината на цената на Биткоин и како ќе реагира на вестите за ЕТF, заедничкото чувство од повеќето е дека ќе направи голема разлика. Чувството е дека постои планина на пари кои чекаат да влезат во биткоинскиот простор, кој се задржува со нетрадиционални методи на инвестирање. Ако оваа бариера е скршена, дали е можно Биткоин повторно да надмине 20.000 долари?

 

 

Leave a comment