Ethereum Foundation награди речиси 3 милиони долари во стартап грантови

The Ethereum Foundation додели 3 милиони долари во грантови за голем број блокчајн стартапи и девелопери, како дел од својата тековна програма за грантови.

На блогот во понеделникот, Тимот за грантови на Ethereum Foundation го објави четвртиот бран на грантови. Се на се, 2,86 милиони долари беа доделени на 20 различни поединци или групи за работа на разновидност на клиенти, употребливост, приспособливост, безбедност или едноставно за градење на алатки.

Како што претходно беше објавено, програмата за грантови првично беше наменета да го поддржи развојот на блокчејнот на Ethereum, со цел да помогне во развојот на децентрализирани апликации (dapps) и smart contracts тхенологијата.

Најголеми грантови отидоа во Prysmatic Labs и Status, од кои двата добија по 500.000 долари за да изградат ethereum 2.0 за клиенти. Spankchain, Kyokan и Connext, исто така, добиле 420.000 долари заедно за да работат на развивање на софтвер со отворен код (SDK) за non-custodial канал за плаќање.

Во понеделникот тимот напиша:

“Ние нема да постоиме без времето и енергијата што ќе ја ставате во Ethereum. Додека програмата продолжува да расте, ние се повеќе ќе продолжиме да инволвираме повеќе членови на заедницата во процесот на донесување одлуки”.

Во соопштението, Status COO Nabil Naghdy изјави  дека компанијата е “горда што Ethereum Foundation избра да ја кофинансира оваа истражувачка иницијатива, што ни овозможува да ги усогласиме нашите вредности и визија во корист [на] сите учесници во екосистемот.”

“Грантот не доближува до другите тимови на клиенти и обезбедува соработка со брилијантни умови кои работат на слични проблеми. Предизвиците со кои се соочува Ethereum не се специфични само за проектот или тимот, тие влијаат на сите нас”, рече тој.

Leave a comment