Главниот финансиски директор на Австралиската комонвелт банка, ја напуштил својата позиција за да се приклучи на EoS Token Developer Block.One

Роб Јесудасон, главниот финансиски директор на Австралиската комонвелт банка (CBA), ја напуштил банката за да се приклучи на блокчејн компанија, известува Sydney Morning Herald на 14ти мај. Јесудасон веднаш си поднел оставка со цел да стане претседател на групата и главен оперативен шеф на блокчејн софтверската фирма Block.one.

Block.one е девелопер на ‘EOS.IS’ блокчејн софтверот, оперативен систем сличен на платформа чива цел е да го поддржува креирањето на децентрализирани мрежи на индустриско ниво. Фирмата ja лансираше initial coin offering (ICO) во јуни 2017-та година за да ги издаде своите ECR-20 компатибилни ‘EOS’ токени, кои треба да бидат дистрибуирани постепено во период од 341 ден до јули 2018-та година. Со 12 милијарди долари, EOS е петата најголема крипто актива според пазарната капитализација.

Главниот извршен директор на Block.one, Брендан Блумер изјави дека вештините на Јесудасон “идеално се поклопуваат” во компанијата, потенцирајќи го достигнувањето на Јесудасон во “олеснување на регулаторниот напредок” на новите технологии.

Според Morning herald, оставката на Јесудасон – по само помалку од една година на таа позиција – доаѓа во тешко време за CBA. Банката се соочува со “експлозивни” обвинувања дека постојано ги прекршува законите против перење на пари (AML) и финансиски тероризам, и овој неред остави 6 од 12 сениорски лидерски позиции празни. Reuters дополнително известува дека CBA е дел од независна тековна истрага која има неколку нивоа на обвинувања за широко распострането недолично однесување против неколку Австралиски главни финансиски институции.

Банкарскиот аналитичар на CLSA Брајан Џонсон, изјави дека заминувањето на Јесудасон во сред метежот со CBA, ги “изненади” Австралиските пазари. Оваа година се повеќе се гледа префрлањето на истакнати таленти од традиционалниот финанскиски сектор во сферата на криптовалути. Во април, поранешен извршен директор на Goldman Sachs, се приклучи како координатор на крипто трговската банка Galaxy Digital, самата основана од поранешен извршен директор од Wall Street, Мајк Новограц. Истиот тој месец, преводникот на JP Morgan блокчејн, ја напушти банката за да основа свое независно претпријатие.

Leave a comment