Electroneum развија нов блокчејн (видео)

Мејл од извршниот директор на Electroneum, Ричард Елс, до заедницата:

“Здраво на сите!

Имаме нови возбудливи вести! Ние само што направивме успешен fork за подобрен модел на блокчејн кој го развивме наречен Proof of Responsibility. Овој модел носи ново ниво на доверба, безбедност и приспособливост што е потребно за да се постигне масовно усвојување.

Ние го развивме нашиот блокчејн за:

• Да стане една од ретките криптовалути што е невидлива за 51% од хакерските напади

• Намалување на нашата блок награда (нова емисија на монети) за 75%

• Зголемување на приспособливост, доверба и комерцијална одржливост

• Забрзување на трансакциите на синџирот

• Вклучување на релевантните и влијателни невладини организации (NGOs) во проектот Electroneum.

Со овој развој ние дизајниравме два нови блокчејн процеси; Proof of Responsibility и Moderated блокчејн. Обезбедување на сите придобивки од децентрализацијата при додавање нови слоеви на заштита.

(17-минутна видео верзија со уште повеќе детали е достапна тука: https://youtu.be/OuhHKFRiuzw)

ВАЖНО

Ако извршите целосен јазол (т.е. ако сте технички корисник или берза), треба да го преземете и да го користите најновиот софтвер од нашата Github библиотека (https://github.com/electroneum/electroneum).

Ако го користите од мобилен – не е потребно да превземате никакво дејство.

Proof of Responsibility

Се префрливме од Proof of work (користен од повеќето криптовалути) на нов начин на фармање на Electroneum, кој го нарекуваме Proof of Responsibility. Тоа е децентрализиран мрежен слој кој го водат одговорни глобални организации кои работат во земјите во развој, и кои се квалификувани да учествуваат. Ова постигнува повеќе работи:

• Тоа значи дека невладините организации добиваат блок награда и ќе ја искористат за да им помогнат на истите луѓе кои се таргет во земјите што ги зајакнуваме со ЕТN оваа година.

• Огромното зголемување на безбедноста на мрежата на ЕТN преку нашите високо-доверливи јазли ја прави невидлива за 51% од нападите врз нашата мрежа.

• Радикално ја намалува потрошувачката на енергија на Electroneum блокчејнот што ја прави поеколошка отколку повеќето други криптовалути. Нашиот нов блокчејн работи на една милијарда помалку електрична енергија одолку претходно!

• Ги едуцира невладините организации во врска со Electroneum проектот и го потпомага легитимитетот на сите криптовалути, правејќи ги вредни за влијателни организации.

75% намалување на наградниот блок

Секој ЕТN блок што се додава во блокчејнот, ослободува блок награда. Оваа награда е намалена за 75%. Имавме многу голема блок награда кога започнавме за да поттикнеме поголема хаш стапка, но повеќе не ни е потребна огромна сила за хаширање, бидејќи го лансиравме нашиот нов Proof of Responsibility блокчејн. Ова намалување на излезните податоци го зголемува времетраењето на блок наградата (како Биткоин, ЕТN има бесконечни резерви). Останатите 25% од блок наградите одат за новите фармачи на нашиот децентрализиран слој (види подолу).

Moderated блокчејн (дополнителна безбедност преку високо доверливи јазли)

Ние го сменивме начинот на кој нашиот блокчејн работи за да се зголеми безбедноста. Создадовме нов блокчејн модел наречен Moderated блокчејн.

Нашиот Moderated блокчејн работи два слоја:

Првиот слој: Децентрализиран слој каде што нашите доверливи фармачи работат на нивните фармачки сервери и се справуваат со ETN трансакциите.

Вториот слој: Вториот слој на високо доверливи јазли е управуван од нас (Electroneum) како компанија.

Луѓето веќе му веруваат на Electroneum како бренд, веруваат во нашиот системот за инстант плаќање, системот за сопствеништво и апликации за паричник и KYC / AML системот. Овој апдејт на блокчејнот ја користи таа доверба за да додаде нов слој од високо доверливи јазли на блокчејнот.

Овие високо доверливи јазли пасивно го надгледуваат блокчејнот во случај на невообичаена или штетна активност и имаат моќ да ја исклучат таа активност за неколку секунди.

Видео со повеќе детали

Направив долго видео кое објаснува повеќе за тоа:

Ви благодариме што одвоивте време да ја прочитате оваа порака и да бидете дел од Electroneum.

Имајте одлична недела!”

Leave a comment