eBay сепак не прифаќа крипто плаќања

Гигантот за е-трговија, eBay, во моментов не дозволува да се извршат плаќања во криптовалути и воопшто не работи на таа опција во моментов, потврдија од компанијата за крипто медиумите.

Вчера, во крипто сферата се појавија шпекулации дека мултинационалната корпорација за е-трговија со седиште во Калифорнија ќе започне да прифаќа крипто плаќања за производите што се продаваат на страницата.

“Криптовалутите не се прифаќаат како форма на плаќање на платформата eBay, ниту пак се дел од нашата стратегија за исплата”, изјавија од компанијата, насочувајќи ги луѓето на нивната страна за политиката на плаќања.

Всушност, никаде на веб страната на eBay не е спомната поддршка за крипто. Дозволените форми на плаќање вклучуваат PayPal, PayPal Credit, како и кредитна картичка или дебитна картичка обработена преку интернет трговската сметка на продавачот. Ограничената категорија одредува дека платформата не дозволува плаќања што се појавуваат надвор од веб-страниците на eBay (банкарски трансфери, чекови, парични налози и услуги за плаќање преку интернет), освен во одредени наведени категории.

На својата долга листа на недозволени методи за плаќање, гигантот за е-трговија јасно вели: “Плаќање со виртуелни пари или криптовалути”.

Како започна сето ова, и како некои портали и сајтови за вести од целиот свет го пријавија тоа како можност, дури и разговарајќи за тоа како плаќањето во крипто ќе функционира на веб-сајт како што е eBay?

Па, знаеме дека еден трговец што се води по корисничкото име @ImNotTheWolf ги твитна фотографиите, наводно, првично објавени во неделата во групата на Telegram “Patrons of the moon”. Сликите се чини дека се eBay реклами од крипто конференцијата Consensus во Њујорк.

https://twitter.com/ImNotTheWolf/status/1127696721230934019/photo/1

Оваа вест и сите нејзини импликации, со оглед на милионите активни корисници, би била масовна ако би била вистина. Но, за жал, не е така.

Криптосферата, на своја заслуга, брзо го препозна тоа, нарекувајќи ги информациите лажни, но некои дури и дотаму што го обвинуваат “гласникот” @ImNotTheWolf за свесно ширење на лажни вести со намера да ја измами општата јавност.

eBay ги објасни фотографиите, појаснувајќи го недоразбирањето: “Рекламата го реферира фактот дека eBay има разновидни производи поврзани со виртуелни валути за продажба на пазарот, како што е опремата за фармање”. Читателите исто така може да се потсетат дека оваа пролет на eBay беше продаден еден крипто стартап.

Сепак, се чини дека е само прашање на време кога крипто корисниците ќе можат да платат со крипто на eBay. Како што е соопштено во април, Moon, стартап услугата за процесирање на крипто плаќања, објави дека корисниците на Coinbase можат да купуваат на Amazon со криптовалути, и дека наскоро можат да бидат поддржани и други веб-страници за е-трговија, како што се eBay, Ali Express и други.

Покрај тоа, од другата страна на оваа приказна, многу големопродажни трговци, вклучувајќи ги Barns & Noble, Baskin Robbins, GameStop, Nordstrom, Regal и Whole Foods, сега прифаќаат плаќања во криптовалути, поточно Биткоин, Eтереум, Bitcoin Cash, и stablecoin-от Gemini Dollar.

Leave a comment