Cryptocurrencyalerting.com ве известува за движењата на цените

Со враќањето на нестабилноста на крипто пазарите, редовното апдејтирање за ценовните промени е важно ако сакате да бидете успешен трговец. За да ги искористите движењата на пазарот, ви требаат навремени предупредувања и веб-страницата наречена Cryptocurrencyalerting.com може да ви помогне да ги добиете преку разни канали.

Веб-страницата за вас тракува над 5.000 монети

Cryptocurrency Alerting е платформа која ви дава можност да креирате повеќе кориснички предупредувања за пазарни цени, процентни движења и листи на берзи. Таа, исто така нуди wallet watch и mempool size карактеристики на следење за некои криптовалути.

Веб-страницата следи повеќе од 5.000 монети и токени, вклучувајќи го и bitcoin cash (BCH), и може да бидете известени кога криптовалутата што ја преферирате е над или под одредена цена. Вие ќе бидете во можност да ја поставите ценовната цел во голем број важни fiat валути и stablecoins, како и BTC и ЕТH.

Алтернативно, можете да ги следите процентните промени во цените и да добивате известувања кога цената на крипто се движи нагоре или надолу за одреден процент во рамките на предефиниран временски период, кој може да биде од пет минути до 24 часа. На овој начин нема да го пропуштите следното менување на цената.

Можете да изберете помеѓу 26 берзи на дигитални средства, вклучувајќи ги Coinbase, Binance и Kraken, кога ги прилагодувате вашите ценовни известувања. Можете исто така да добивате известувања кога одредена монета е наведена на платформата на која тргувате.

Cryptocurrencyalerting ви овозможува да изберете девет различни начини на кои би ги примиле вашите крипто сигнали. Платформата поддржува известувања преку СМС, е-мејл, телефонски повик, известувања преку интернет пребарувачот, Telegram, Discord и Slack-ботови.

За да користите автоматизирани известувања обезбедени од Cryptocurrencyalerting.com, треба да се регистрирате со валидна е-мејл адреса и да креирате лозинка за вашиот акаунт. Веб-страницата прифаќа донации во криптовалути за да ги одржува своите услуги.

За да бидете информирани за тековните цени на крипто средства, можете исто така редовно да ja проверувате Bitcoins Markets. Агрегаторот развиен од Bitcoin.com обезбедува податоци во реално време за цените и ставките на рангирање на првите 500 дигитални валути по пазарен капитал.

Leave a comment