ConsenSys во партнерство со онлајн образовна платформа ќе лансираат блокчејн курс

Блокчејн стартапот ConsenSys соработуваше со онлајн образовната платформа Coursera и нудат курс за блокчејн технологија, според соопштението објавено на 5-ти септември.

Двете компании започнаа курс со наслов “Блокчејн: Основи и каде се употребува”. Курсот е дизајниран да им даде на студентите вовед во технологијата и развивање на вештини потребни за да се разбере како блокчејн менува одредени индустрии, како и начините на кои блокчејн решава конкретни проблеми.

Според Coursera, курсот е наменет за студенти со различни нивоа на вештини, вклучувајќи и поединци кои немаат техничко образование.

Претходно вчера, Linux Foundation отвори упис за новиот напреден курс за обука за блокчејн технологијата Hyperledger Fabric. Новиот курс, наводно, ќе им овозможи на студентите да се справат со основите на блокчејн и дистрибуираните ledger технологии (DLTs), заедно со “јадрото и нејзините компоненти”, кои се основа на децентрализираните апликации на Hyperledger Fabric.

Образовните институции ширум светот активно ја прифаќаат блокчејн технологијата, како во практична примена, така и во нивните наставни планови. Една неодамнешна студија спроведена со платформата за крипто-размена Coinbase покажа дека 42 отсто од првите 50 универзитети во светот имаат барем еден предмет за криптовалути или блокчејн.

Во август, Малта, Јужна Кореја и Турција објавија блокчејн и DLT поврзани образовни програми посветени на поттикнување на млади таленти и зголемување на достапноста на квалификувани професионалци во брзорастечката индустрија. Tezos Foundation, исто така, објави дека ќе издаде финансиски грантови за истражувачките институции за развој на блокчејн технологијата и паметни договори на неколку универзитети лоцирани во САД, Португалија и Франција.

Leave a comment