Coinbase Wallet додава поддршка за Ethereum Classic

Coinbase Wallet, обезбеден од страна на главната американска крипто-берза Coinbase, започна со поддршка за Ethereum Classic (ETC), според официјалниот блог пост на компанијата на 27-ми ноември.

Ethereum Classic е резултат на hard fork (одделувањето) во 2016-та година, што произлегува од разликите во тоа како да одговорат на хаосот од висок профил на DAO хакерскиот напад на Ethereum (ETH) блокчејнот.

Денешната објава на блогот покажува дека Coinbase wallet апликацијата треба да се апдејтира во текот на “следните неколку дена”, по што корисниците ќе можат да ги гледаат, праќаат и примаат ETC на нивните адреси. За постоечките корисници на Coinbase Wallet, нивната ETC адреса ќе биде идентична со нивната моментална ETH адреса.

Покрај ETC, Coinbase Wallet поддржува складирање, испраќање и примање на ETH и “100.000+ ERC20 токени”.

Coinbase прво објави дека ќе го вклучи Ethereum Classic на својата платформа за тргување во јуни, што доведе до остар скок во вредноста на ова средство. Откако листата беше live во почетокот на август, ЕТC беше исто така вклучена во Coinbase Index Fund-oт.

Исто така во август, крипто берзата и wallet услугата на Bittrex го додаде парот за тргување американски долар-ЕТC, истиот месец како апликацијата за крипто тргување Robinhood ја објави својата сопствена поддршка за ова истово средство.

Во прес-време, ETC е рангирана на 17-то место по пазарна капитализација, а тргува на 4,30 долари, намалувајќи се скоро на 8 проценти на ден, според CoinMarketCap.

Leave a comment