Coinbase ја започна услугата за крипто Gift Cards во Европа

Платформата за крипто-размена со седиште во САД наречена Coinbase, сега нуди начин за купување на производи и услуги со крипто-средства, благодарение на новото партнерство со стартапот за дигитални gift cards.

Според извештајот од Bloomberg, Coinbase ги интегрира своите парични услуги со WeGift, платформа за онлајн gift cards со седиште во Лондон, и сега им овозможува на корисниците да купат gift cards со криптовалути  складирани во нивните Coinbase wallets. Во моментов, размената поддржува биткоин, bitcoin cash, litecoin, и ethereum со поголема веројатност да биде додадена наскоро.

Врз основа на информациите обезбедени од веб-сајтот на WeGift, gift cards купени со криптовалути може да се користат во повеќе од 120 малопродажни места кои прифаќаат WeGift, вклучувајќи ги и Tesco, M & S, Uber, Carrefour, Google Play и Costa.

Услугата е досега достапна само во Велика Британија, Франција, Шпанија, Холандија и Италија.

Во 2013-та година, Coinbase, исто така, се здружи со фирмата за дигитални gift cards со седиште во Њујорк, наречена eGifter, и почнаа да нудат крипто-картички.

Овој потег доаѓа само неколку месеци откако платформата за размена обезбеди лиценца за е-money одобрена од пазарниот мониторинг на Велика Британија, Financial Conduct Authority. Оваа лиценца и ја даде на компанијата способноста да обезбеди платежни услуги и да издава дигитални готовински алтернативи во земјата, кои потоа можат да се користат за плаќање на картички, интернет или телефон.

Leave a comment