Coinbase со патент за безбеден систем за биткоински плаќања

Ново објавениот патент на Coinbase се обидува да ги заштити потрошувачите и да го направи начинот на купување на биткоин посигурен за истите.

Во поднесокот, објавен на 14-ти август, платформата за размена на криптовалути со седиште во САД, објасни како може да развие портал за плаќање кој ќе им овозможи на корисниците да плаќаат со биткоин директно од нивниот дигитален wallet.

“Можеби е загрижувачки за корисниците тоа што приватните клучеви од нивните биткоин адреси можат да бидат украдени од нивните дигитални wallets”, се вели во патентот. “Постоечките системи не обезбедуваат решение за одржување на безбедноста над приватните клучеви, додека се уште им овозможува на корисниците да направат checkout на сајтот кај што купуваат и да вршат плаќања со користење на нивните wallets.”

Системот како што е опишано поставува “key ceremony” која создава key shares кои се комбинирани во оперативен master key – шифриран со лозинките на корисниците – кои можат да бидат јавно достапни и избришани по употреба.

Оперативниот master key се користи за енкрипција на private keys за време на checkout, како и за потпишување на трансакцијата кога се извршува плаќањето.

Она што го нарекуваат  “freeze logic” при поднесувањето, исто така се користи во процесот, безбедносна мерка која автоматски ги запира трансакциите ако администраторот одлучи да го суспендира системот.

Патентот објаснува:

“Во било кое време откако ќе се вчита master key, системот може да се замрзне. Системот може да се одмрзне со користење на key од key ceremony. Checkout процесот може да се изврши кога системот е замрзнат и кога системот е незамрзнат. Процесот на плаќање може да се изврши само кога системот е незамрзнат.”

Патентот напоменува дека системот, исто така, вклучува и API key, што значи дека различни веб-страници ќе можат да отворат сопствена верзија на порталот.

API key ќе има два дела: еден би бил специфичен за host серверот, додека другиот ќе биде зачуван во системот развиен од Coinbase. Двата keys ќе треба да се совпаѓаат за трансакцијата да биде успешна, додавајќи уште еден слој на безбедност за клиентите.

Leave a comment