Coinbase картичката лансирана во шест европски земји

Крипто берза со седиште во САД и услугата за крипто паричник Coinbase ја лансираше својата дебитна картичка Visa во шест европски земји, објави CNBC на 11-ти јуни.

Од денес, корисниците во Шпанија, Германија, Франција, Италија, Ирска и Холандија ќе можат да ги користат картичките, кои се синхронизираат директно со нивните Coinbase акаунти. Со картичката доаѓа и мобилната апликација за iOS или Android, и како физичка картичка што може да се користи за повлекување на девизи од банкомати.

Новата понуда на Coinbase наводно им овозможува на корисниците да ги трошат криптовалутите што ги поседуваат кај кој било трговец кој прифаќа Visa картички. Корисниците можат да одлучат која криптовалута сакаат да ја користат за да направат исплата во апликацијата, додека Coinbase потоа криптото го претвора во готовина спремна за плаќање.

Извршниот директор на Coinbase Зишан Фероз изјави: “Можете да купите намирници со биткоин (BTC), а веднаш потоа кафе со litecoin (LTC).”

Картичката за прв пат беше лансирана за корисниците во Велика Британија во април оваа година. Картата е издадена од Paysafe Financial Services Limited, која е регулирана од страна на Управата за финансиски услуги како овластен издавач на електронски пари и платежни инструменти.

Берзата со седиште во Сан Франциско значително ги прошири своите понуди во текот на годината. Минатиот месец, таа ги прошири своите трговските услуги во уште 50 земји и додаде поддршка за тргување на stablecoin USDC во 85 земји. Coinbase, исто така, додаде dai stablecoin во својата Coinbase Earn програма, која ги наградува корисниците со крипто за гледање образовни видеа.

И покрај нејзините неодамнешни дополнувања, заменик-претседателот на Coinbase за бизнис, податоци и меѓународна соработка, Емили Чои, изјави дека во моментов не инвестираат во децентрализираниот сектор на берзи, дури и по стекнувањето на децентрализирана peer-to-peer платформа за тргување Paradex минатата година. Чои изјави:

“Мораме да бидеме сигурни дека ако понудиме децентрализирање дека го правиме на начин кој е безбеден, сигурен и компатибилен. Мислам дека сега нема многу јасност за тоа како ќе функционира. Сметаме дека овој простор е интересен, но ние во овој момент не инвестираме активно во него”.

Leave a comment