Cloud Computing платформа издава ново решение за заштита на податоците

На 1 ноември 2018-та година, iExec, децентрализиран пазар за компјутерска моќ со седиште во Лион, Франција, го објави својот end-to-end trusted execution environment. Девелоперите на iExec ја опишуваат технологијата како “прво Intel SGX скалабилно решение за бизнисите да постигнат приватност и безбедност во блокчејн пресметките”.

Што е Intel SGX?

Intel SGX или Software Guard Extensions, е популарна инфраструктурна екстензија, воведена во 2015-та година. Таа беше дизајнирана да ја зголеми безбедноста на апликативниот код и неговите податоци. Како што е опишано на веб-страницата на Intel, Intel SGX овозможува заштита преку употреба на “енклави”, кои се изолирани региони на меморија вградени во процесорот. Овие региони ги штитат податоците од процесите што работат на кое било внатрешно ниво, вклучувајќи го и оперативниот систем.

Според Medium блогот на iExec, енклавите се алатки за менување на парадигмите во светот на cloud computing. “Благодарение на безбедноста што ја нудат, секој може да работи на било кој компјутер без страв од откривање на чувствителни податоци на трето лице”.

Енклавите дејствуваат како “bubble или сеф”, што ја штити и изолира апликацијата од машината која е домаќин. “Дури и привилегираниот администратор на машината не е во можност да навлезе во овој bubble за да ја смени апликацијата”, објаснува iExec во соопштението за печатот.

Clouds за девелопери

Во мај 2018-та година, iExec го објави својот пазар за тргување со cloud компјутерска моќ “како производ”. Според iExec, една од најважните технологии за успешна децентрализирана cloud инфраструктура – покрај блокчејнот – е trusted execution environment (TEE), како Intel SGX.

Децентрализираната природа на cloud computing мрежата iExec има за цел да гарантира безбедност. Корисниците на root privilege никогаш нема да можат да ги проверат чувствителните податоци или да ја менуваат апликацијата која работи на децентрализираниот компјутер.

iExec работи на своето решение со користење на Intel SGX, во партнерство со Scontain UG, компанија за развој на софтвер со седиште во Дрезден, Германија.

Во официјалното соопштение на iExec, новото решение е претставено како “прв комплетен toolkit, кој вклучува Software Development Kit (SDK) и техничка документација, за бизнисите лесно да ги користат енклавите на Intel SGX за да ја обезбедат end-to-end заштитата на било кој блокчејн производ”.

Компанијата нагласува дека е обезбедена “end-to-end” приватност, што значи дека иако децентрализираните апликации (DApps) се обработуваат на децентрализирани јазли, тие никогаш не можат да бидат прегледани од некој друг освен од крајниот корисник. iExec го претстави ова ново решение на конференцијата Devcon4, еден од најголемите собири за програмери и истражувачи на Ethereum блокчејнот.

Оn-demand пазар за cloud ресурси

Според  Medium  блогот на компанијата, iExec има за цел да создаде нова парадигма за cloud computing: глобален и отворен пазар каде што компјутерската моќ е “тргувана како стока”.

Компанијата вели дека iExec пазарот им овозможува на девелоперите на апликации да пристапат до прифатлива, безбедна и скалабилна оn-demand компјутерска моќ. Секоја трансакција помеѓу купувачите и продавачите е ревидирана и сертифицирана со  Proof-of-Contribution алгоритмот, кој ја потврдува секоја извршена пресметка надвор од синџирот.

Денес, iExec работи на “iExec V3”, каде што пазарот ќе се развие надвор од трговијата со cloud компјутерска моќ, со цел да се интегрира и трговијата со бази на податоци. Според компанијата, iExec нуди алатки за програмери за градење на децентрализирани апликации кои ќе работат на децентрализирана мрежа на јазли со високо ниво на безбедност и приспособливост.

Leave a comment