BMW ќе биде домаќин на блокчејн настан во Auto Tech Tournament

The Mobility Open Blockchain Initiative (MOBI) и Trusted IoT Alliance (TIoTA) започнаа турнир за блокчејн апликации во возила, според официјалното соопштение за печатот објавено на 10 –ти октомври.

Новиот турнир под наслов MOBI Grand Challenge, наводно, има намера да ја развие “првата остварлива” мрежа на возила со блокчејн систем и систем за координирање на машини, да обезбеди размена на податоци, како и да го подобри нивото на мобилност во урбани услови.

Тригодишниот блокчејн предизвик, кој планира да им додели на победниците токени во вредност од над 1 милион долари, ќе покрие голем број на настани и ги поканува учесниците да учествуваат на глобално ниво преку интернет.

MOBI Grand Challenge ќе започне на 12-ти октомври со првиот четиримесечен предизвик за да се покажат “потенцијалните употреби на блокчејн во координирањето на движењето на возилата и подобрувањето на транспортот во урбаните средини”.

Одбраните технологии од првиот предизвик ќе бидат демонстрирани на настанот во февруари 2019-та година, во организација на членот на групата MOBI, BMW Group, во Минхен, Германија.

Резултатите пронајдени во првата серија на MOBI Grand Challenge ќе се користат како основа за создавање на следните предизвици на тригодишниот турнир.

Според соопштението за печатот, добитниците на првиот предизвик ќе добијат награди во вредност од 350.000 долари во повеќе категории, вклучувајќи токени од Beyond Protocol и токени во вредност од 100.000 долари од Ocean Protocol.

Ocean Protocol е протокол за размена на податоци заснован на блокчејн, кој ја креираше наградата од 1 милион долари во токени на MOBI Grand Challenge. Beyond Protocol  е фирма со седиште во Силиконската Долина која применува дистрибуирана ledger технологија (DLT) за да обезбеди Internet of Things (IoT) уреди. Фирмата вети дека токени во вредност од 250.000 долари  ќе се користат на мрежата на протоколи.

Заки Манијан, извршен директор на Trusted IoT Alliance и член на Одборот на советници на MOBI, изјави дека мобилноста е “пробивна” насока на блокчејн индустријата на IoT. Според Манијан, само “мал процент од компаниите имаат завршено end-to-end proof of concepts во оваа област”, па така новиот турнир има намера да го “пополни овој јаз”.

Во мај 2018-та година, четири водечки глобални добавувачи на автомобили BMW, GM, Ford и Renault покренаа заедничка блокчејн платформа со цел “да го сменат транспортот”. Заедничките напори имаат за цел да ги решат проблемите со мобилноста, со што ќе бидат “побезбедни, поеколошки и попристапни” користејќи блокчејн технологија.

Во март, Cointelegraph објави дека големиот Американски производител на автомобили Ford патентирал систем за комуникација од возило во возило преку размена на крипто токени за да го олесни протокот на сообраќај.

Leave a comment