Bloomberg: Неодамнешната ренесанса на биткоинот може да се поврзе со алгоритамско тргување

Неодамнешниот скок на крипто пазарот може да биде поврзан со алгоритамското тргување, извести Bloomberg во средата, 3-ти април.

Алгоритамското тргување – метод кој користи автоматски софтвер за откривање на трендови и одредува кога треба да се извршат тргувања- е во пораст во последните неколку месеци, според Bloomberg. Индустријата е сведок на 17 нови алго или квантитативни средства лансирани уште од септември, износ што наводно сочинува 40 проценти од крипто хеџ фондовите започнати во текот на овој период.

Додека крипто фондовите изгубиле околу 72 отсто поради bear пазарот во 2018-та година, овие алго-фондови известија за добивки помеѓу 3 и 10 проценти месечно за време на таканаречената крипто зима.

Bloomberg наведува дека неочекуваниот пораст на цената на биткоин (BTC) во вторникот, 2-ри април, кратко време по отворањето на азиските пазари, може да биде предизвикано од трговијата со 100 милиони долари направена на три главни берзи.

Како што изјавија експертите за Reuters, 20.000 нарачки на биткоин (околу 100 милиони долари од прес време) се ширеа низ крипто-берзите од САД, Coinbase и Kraken, како и на Bitstamp од Луксембург. Активирани од гигантската нарачка, ботовите би можеле да почнат да тргуваат, принудувајќи ги цените и обемот да се зголемуваат.

Некои претприемачи цитирани од Bloomberg сметаат дека алго трговијата ќе има позитивно влијание врз крипто индустријата. Веи Жоу, шеф на финансии на Малтешката крипто берза Binance, вели дека тие ќе бидат новите рок-ѕвезди на индустријата.

Во меѓувреме, други стравуваат дека алго трговијата може да предизвика манипулација на пазарот. Травис Клинг, основач на лондонскиот крипто хеџ фонд Ikigai, изјави за Bloomberg дека некои од нив би можеле да користат лажни наредби за да ги измамат другите трговци.

Bloomberg издаде серија статии и ТВ спотови, наведувајќи ги можните причини зад видливиот подем на пазарот. На пример, новинар од Bloomberg, Ерик Лам, се присетува на веста за денот на шегата, во која се тврди дека Комисијата за хартии од вредност на САД конечно го одобри  Bitcoin ETF што веројатно влијае врз крипто пазарите.

Друга причина што ја наведува Bloomberg е претстојното Brexit прашање, бидејќи некои веруваат дека инвеститорите ги менуваат фунтите во биткоин, по напуштањето на ЕУ од страна на Британија.

Leave a comment