Bloomberg: Крипто компаниите сé уште се соочуваат со проблеми при отворање банкарски сметки

Компаниите во крипто индустријата сè уште имаат проблеми со отворањето банкарски сметки, објави Bloomberg на 3-ти март.

Во извештајот е наведена жалбата на Сем Бенкман-Фрид, извршен директор на квантитативната крипто-трговска компанија Alameda Research, во која тој изјавува дека  “стандардниот одговор како ‘само одете до вашата локална Chase подружница’ не функционира во крипто.” Бенкман-Фрид исто така додаде дека не е нелегално за банките да нудат услуги на крипто бизнисите, но “тоа задава огромна главоболка при усогласување во кое банките не сакаат да ги вложат своите ресурси”.

Bloomberg, исто така истакнува дека, додека поголемите банки избегнуваат да им нудат услуги на компании кои се вклучени во крипто, помалите банки се обидуваат да го искористат ова. Таков пример даден во извештајот е Silvergate Bank во Сан Диего, каде што, наводно, во ноември 2018-та година изјавиле во барање за ICO дека крипто бизнисите имаат околу 40 милијарди долари за депозит.

Според Bloomberg, Сони Синг – главниот трговски службеник на BitPay, процесор за крипто исплата со поранешен претседател на Комисијата за хартии од вредност и берзи на САД, како свој советник – изјави дека компанијата е одбиена од многу банки.

Инвестициската, трговска и советодавна блокчејн фирма NKB Group е уште еден пример даден од Bloomberg како компанија која се бори да воспостави односи со банките. Бен Себли, шеф на брокерската куќа на NKB, дал свој коментар:

“Да се одбие основно банкарство е лудост, го попречува растот на секторот и ги принудува компаниите покреативно да го решат проблемот […] Банките претеруваат со претпазливост.”

Како што неодамна известија медиумите, блокчејн компании во Малта, наводно, исто така, се борат да отворат банкарски сметки.

Сепак, на крајот на февруари, Швајцарската банка Julius Baer ги објави своите планови да им обезбеди на нејзините клиенти пристап до услугите за дигитални средства, по партнерството со стартапот на крипто банката Seba Crypto.

Leave a comment