Bloomberg: Европската фирма за крипто фармање Bitfury, планира да биде јавна

Компанијата за блокчејн технологија Bitfury, размислува за потенцијално IPO, кое, наводно, би можело да стане првото големо јавно огласување во крипто индустријата во Европа, објави Bloomberg на 25-ти октомври.

Луѓето кои се запознати со ова прашање, изјавија за Bloomberg дека Bitfury испитува различни опции, вклучително и зголемувањеto на финансирањето на долгови или продажба на малцински акции. Ако Bitfury  биде јавна во наредните две години, нејзината вредност би можела да достигне од 3 до 5 милијарди американски долари. Сепак, бројките може да се променат во зависност од пазарите и состојбата на индустријата, изјавија изворите за Bloomberg.

Bitfury, наводно, контактирал со глобалните инвестициски банки пред потенцијалните IPO во Лондон, Амстердам или Хонг Конг следната година.

Bitfury е основана во 2011-та година и е признаена како најголема не-кинеска компанија која развива блокчејн софтвер и инфраструктура за фармање на Биткоин (BTC). Компанијата исто така разви поефикасен алгоритам за рутирање за мрежата на Lightning наречена Flare, која функционира како безбедносен off-chain канал за за побрзи трансакции.

Минатиот месец, Bitfury лансираше нова генерација на својот BTC  хардвер за фармање базиран на Application-Specific Integrated Circuit (ASIC) чип, Bitfury Clarke. Чипот се продава поединечно, покрај тоа што е интегриран во другиот BTC хардвер за фармање од Bitfury. Bitfury планира да го имплементира новиот ASIC во своите центри во Канада, Исланд, Грузија и Норвешка, каде што компанијата во март доби одобрување од владите.

Во јули, компанијата за фармање на Биткоин со седиште во Торонто, Hut 8, го објави комплетирањето на својот втор објект за фармање во Канада, тврдејќи дека по капацитет станала “најголем оператор во светот”. Проектот беше лансиран преку партнерство со BitFury, со што компанијата обезбеди пристап до хардвер за фармање и други потреби.

Leave a comment