BlockShow најавува BlockShow Americas 2018 Конференција во Лас Вегас 20-21-ви август

BlockShow, главниот меѓународен блокчејн настан, ја објави новата конференција BlockShow Americas 2018, која ќе се одржи во Лас Вегас од 20 до 21-ви август 2018-та година. Настанот се појавува после успешниот BlockShow Европа 2018 во Германија во мај 2018-та година Според тимот на BlockShow, претстојната конференција ќе биде фокусирана на клучните прашања кои влијаат на блокчејн заедницата – владини иницијативи, увид од централните банки и еволуцијата на законите и прописите.

BlockShow Americas ќе се одржи во просториите на Venetian и Palazzo, познатите хотели во Лас Вегас, кои ја рекреираат атмосферата на стара Венеција. Според тимот на BlockShow, совршено се комплиментира визуелниот концепт на настанот – познатиот карневал во Венеција.

На настанот се очекуваат повеќе од 80 меѓународни спикери – од fintech, блокчејн и криптовалути. Листата на говорници ги вклучува Алекс Машински, основач на Celsius Network, сериски претприемач и инвеститор во вложување; Мајк Бучер, уредник во TechCrunch – награден со Most Excellent Order на Британската империја (MBE) во 2016-та година; Д-р Нуриел Рубини, коосновач и поранешен претседател на Roubini Global Economics, поранешен висок економист за меѓународни односи при Советот на економски советници на Белата куќа; Дејвид Шварц, технички директор на Ripple; Јохана Маска, извршен директор на Global Situation Room и поранешен директор на Белата куќа за медиумски изјави (за претседателот Барак Обама); и други добро познати личности.

Иновации

BlockShow Americas 2018 се планира да биде блокчејн платформа во овој простор за компаниите да можат да ги прикажат своите најнови и најголеми производи, изданија и проекти. Компаниите ќе ги прикажат своите важни случувања во различни сектори, како што се гласањето и изборите, е-трговијата и снабдувачки синџири.

Еден од главните теми за учесниците ќе биде BlockShow Oscar, стартап-конкурс за млади и иновативни блокчејн компании. Во претходните изданија на натпреварот, шест компании добија вкупно 90.000 долари. Претходниот победник на BlockShow Oscar наводно, достигнал целосна сума од 30 милиони долари, а претходните учесници собрале повеќе од вкупно 500 милиони долари.

Спојувајќи го блокчејн светот

Претходните BlockShow конференции станаа место за повеќе од 7.000 приватни состаноци и над 170 излагачи, со презентирани повеќе од 1000 стартапи. Имаше над 1.000 медиумски публикации за BlockShow. Опишувајќи како конференцијата како начин да ги зближи луѓето, Рејчел Волфсон – новинар на Forbes – изјави:

“Навистина сум импресиониран од европската крипто-конференциска сцена. Оваа конференција донесе многу луѓе заедно. Доаѓам дури од Сан Франциско, и ова е навистина е возбудувачко и освежувачко да се види.”

Боби Ли, ко-основач на BTCC и член на одборот на Bitcoin Foundation, изјави за неговото претходно искуство во BlockShow,

“Навистина уживав во BlockShow Europe. Беше прекрасно да се види ентузијазмот на присутните, и организаторите направија прекрасна работа. Тоа беше многу професионално направено и сè беше по распоред. Мислам дека конференциите се важни за да се рашири зборот, да ги едуцираат луѓето и да им помогнат да научат за криптовалентност и блокчејн. Ова е начинот на кој ги придобиваме следните милијарда луѓе.”

Повеќе од 100 организации и компании – како Achain, Changelly, iExec и Iconiq Lab – обезбедија поддршка за BlockShow настанот во Европа. BuzzFeed го цитираше Ади Криз, извршниот директор на BlockShow,

“Меѓу конференциите, BlockShow е како Cirque du Soleil во светот на циркусот – ние се издвојуваме од конкурентите. Ние не сме типична конференција: ги отстрануваме стандардите и се фокусираме на една необична атмосфера во која заедницата се чувствува како дома и каде што луѓето можат да се поврзат и да склучуваат договори. Ние го занемаруваме зборот “официјален” и сакаме да го замениме со “неформален”. Ние сме шоу за претставниците на блокчејн бизнисот да можат го трошат ефикасно своето време.”

Регистрацијата за BlockShow Americas 2018 е веќе отворена на веб-сајтот. Постои посебна понуда која овозможува да се заштеди при купување на билети.

Leave a comment