BlockShow започна со крипто донациска кампања за реконструкција на Нотр Дам

BlockShow, меѓународен настан за блокчејн, поддржан од Cointelegraph, започна кампања за да се соберат криптовалути за реконструкцијата на катедралата Нотр Дам. Веста беше објавена на официјалниот Twitter акаунт на BlockShow на 16-ти април.

Во твитот, тимот зад BlockShow откри дека започнал кампања за прибирање финансиски средства за реконструкцијата на Нотр Дам по катастрофалниот пожар што ја зафати катедралата завчера, на 15-ти април.

Тимот на BlockShow објави две адреси за крипто паричници во кои секој заинтересиран може да донира и во биткоин (BTC) и во Етереум (ETH), како и линк до Foundations Du Patrimoine, кои ги собираат донациите во fiat валути.

National Public Radio (NPR) објави неколку други меѓународни кампањи за собирање на средства за обновата на катедралата, вклучувајќи го и GoFundMe и La Fondation Avenir du Patrimoine во Париз. По NPR, стотици милиони долари веќе се придонесени од некои од најбогатите имиња во Франција, меѓу кои и семејството Бетенкур Мејерс, Бернард Арно и Франсоа Пино.

Веста за пожарот во Нотр Дам привлече внимание на десетици најистакнати поединци во светот. Поранешниот претседател на САД Барак Обама твитна:

“Нотр Дам е едно од најголемите светски богатства, и нашите мисли се со луѓето од Франција во нивното време на тага. Во нашата природа е да плачеме кога ќе видиме дека историјата е изгубена – но, исто така, е во наша природа да ја обновиме, толку  колку што можеме”.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Таск изјави:

“Би сакал да искажам зборови на утеха и солидарност со Француската нација, исто така како граѓанин на Гдањск, 90% уништен и изгорен, подоцна но повторно изграден. Исто така и вие, ќе ја обновите својата катедрала! Од Стразбург, Францускиот главен град на ЕУ, ги повикувам сите 28 држави да учествуваат во оваа задача”.

Криптовалутите и блокчејн постепено навлегуваат во добротворниот сектор, наводно обезбедувајќи поголема транспарентност и доверба во индустријата. Неодамна, Американскиот процесорот за наплаќања BitPay и непрофитната и добротворна организација која управува со Wikipedia, Фондацијата Wikimedia, се здружијаја за прифаќање на крипто донации.

Во декември минатата година, стартапот со седиште во Даблин, наречено AID:Tech, се здружи со Ирскиот Црвен крст за да ја користи блокчејн технологијата во нова намена која ја подобрува транспарентноста во добротворни донации.

Leave a comment