BitTorrent токените продадени за помалку од 15 минути, заработка над 7 милиони долари

Продажбата на BitTorrent токенот (BTT) на платформата Binance Launchpad заврши вчера на 28-ми јануари, со нето добивка од 7,1 милион долари со продажба на 50 милијарди токени за помалку од 15 минути. Binance го објави резултатот од продажбата со официјален блог пост.

BitTorrent е протокол за споделување на peer-to-peer датотеки, овозможувајќи им на корисниците да дистрибуираат датотеки како музика или видеа преку интернет.

BTT е базиран на токенот на Tron TRC-10 и ќе се користи на платформата за “трансакција во компјутерски ресурси споделени помеѓу клиентите на BitTorrent и сите други баратели на услуги и даватели на услуги.”

BitTorrent токените беа продадени во две симултани сесии на Binance Launchpad, една за купувачи кои го користеа токенот Binance, Binance Coin (BNB), а другиот за купувачите кои користеа Tron (TRX). Секој токен беше со цена од 0.00012 долари според податоците за продажба објавени на веб-страницата на Binance.

Според твитот од извршниот директор на Тron и основачот Џастин Сан, “Веќе е официјално: На BNB сесијата, сите 23,76 милијарди BTT беа купени од учесниците во продажбата на токени во рок од 13 минути и 25 секунди. Во меѓувреме, на Tron сесијата, сите 35,64 милијарди BTT беа продадени за 14 минути и 41 секунда.”

Главниот извршен директор и основач на Binance, Чанпенг Жао изјави дека продажбата ќе заврши многу порано, ако техничките проблеми не се појавиле на веб-сајтот Launchpad. Околу 3:20 часот UTC Жао твитна дека: “Двете сесии завршија. Траеја околу 18 минути, поради системски проблем, би одземале 18 секунди помалку. Побарувачката беше астрономска”.

BitTorrent Speed, системот кој ќе го интегрира токенот базиран на Tron во популарниот μTorrent Windows клиент, наводно ќе започне ова лето.

Leave a comment