BitPay сега бара фотографија од лична карта за купувања над 3000 американски долари во Биткоин

Процесорот за крипто плаќање BitPay воведува нови мерки за верификација на идентитетот за одредени плаќања, поврат и исплати со висока вредност.

Според соопштението од 1-ви август од фирмата со седиште во САД, новите мерки не важат за личност-до-личност плаќања користејќи ги апликациите BitPay и Copay.

Фотографија од лична карта, број на социјално осигурување

BitPay го објави својот нов начин на верификација со фотографија од лична карта како дел од новата BitPay Dashboard, која ќе функционира како персонализирана почетна страница која обезбедува пристап до историските трансакции на корисниците и различните одлики за плаќање.

Со лансирањето на BitPay ID, од корисниците ќе се бара да поминат низ еднократен процес на верификација со кој се бара внесување на податоци, како што се нивното социјално осигурување или бројот на пасош, како и лична карта.

Барањето ќе се однесува во случаи кога корисниците се обидуваат да извршат плаќање со висока вредност од 3000 USD или повеќе на BitPay трговец, кога бараат поврат од 1000 или повеќе американски долари, при примање BitPay исплати или при добивање BitPay припејд производ. Во објавата се забележува дека:

„Овој процес ни помага да ги подобриме нашите напори за верификација на идентитетот и да го намалиме ризикот од плаќање за трговците на BitPay. Исто така, потребно е да можеме да им понудиме на верификувани корисници идни услуги како Биткоин исплати, или побрзо опслужување за луѓето кои сакаат да добијат BitPay припејд производи.“

Според BitPay, новите барања за верификација при плаќања се веќе пуштени од 5-ти август.

Централизирано складирање на податоци

Додека BitPay им овозможува на корисниците врска со неговата политика за приватност, новите мерки се примени со одреден скептицизам со оглед на отпорот што го имаат многумина во крипто заедницата кон гледање на нивните лични податоци зачувани во централизирани складишта.

Девелоперот на BTCPay Server со отворен код – кој беше лансиран како алтернатива на BitPay и вети дека ќе го направи BitPay застарен и непотребен – твитна дека е шокиран од новите воведени мерки, на што еден коментатор одговори:

„Замислете да сте Bitpay моментално. Вашите инвеститори ве напуштија, поддржувачите на биткоин ве презираат, сега и bcasher, додека регулаторите ве малтретираат секојдневно. Јас скоро и ги сожалувам … едвај“.

Многумина сè уште се сеќаваат на хакерскиот напад врз фирмата во 2015-та година, и загубите во износ од 5000 Биткоин (BTC) вредни над 1,8 милиони долари во тоа време.

Претходно овој месец, се појавија новости за евентуален хакерски напад врз Binance, и кражба на Know Your Customer податоци (10000+ лични фотографии).

Leave a comment