BitPay вели дека процесирале повеќе од 1 милијарда долари во крипто плаќања минатата година

Процесорот за крипто плаќања со седиште во САД, BitPay, вели дека процесирал трансакции вредни преку една милијарда долари минатата година.

Објавувајќи ги вестите во средата, фирмата соопшти дека ова е втор пат по ред, кога наплаќањата достигнале вредност од милијарда долари во текот на седумгодишното постоење.

“Да се процесира една милијарда долари втора година по ред и покрај големиот пад на цената на биткоин, покажува дека биткоин се користи за решавање вистински проблеми во светот”, изјави Стивен Паир, ко-основач и извршен директор на BitPay.

Давајќи дополнителни детали од изминатата година, фирмата соопшти дека нивното business-to-business претпријатие забележа раст на приходите од околу 255 отсто за период од една година, бидејќи новите клиенти, вклучувајќи ги и адвокатските фирми, давателите на центри за податоци и IT продавачите, се регистрираа за прифаќање на крипто плаќања.

Значајни нови клиенти, додадени во 2018-та година, ги вклучуваа претплатничкиот ТВ провајдер Dish Networks, онлајн организација на безбедносни експерти HackerOne и Американската држава Охајо, која стана првата држава во САД која дозволи да се платат даноците со биткоин во ноември.

Фирмата исто така додаде поддршка за порамнување за bitcoin cash (BCH) и stablecoins од Circle (USDC), Gemini (GUSD) и Paxos (PAX), додека нејзиниот фокус сè уште останува на биткоин (BTC), според соопштението.

“Биткоин има мрежен ефект низ целиот свет, а ние се уште сме исклучително bullish на биткоин и неговиот екосистем”, изјави за BitPay, шеф на производство Шон Роланд.

Во текот на годината, BitPay, исто така, собра 40 милиони долари во Series B кругот, со што вкупниот капитал го зголеми до 70 милиони долари.

Leave a comment