Bitmain ќе започне да продава нови машини за фармање биткоин

Bitmain лансира два нови Antminer модели кои се наменети за индустријата за фармање на биткоин.

Крипто хардверскиот гигант во вторникот објави дека новите Antminer S15 и T15 машини ќе бидат придвижувани од неодамна откриениот 7nm ASIC процесор (со интегрирано коло специфично за апликации) и почнаа да се продаваат од 8 ноември.

Новите машини “имаат водечки индустриски hash rates дизајнирани да фармаат со алгоритмот SHA256”, според твитот објавен од компанијата.

7nm чип за првпат беше објавен на крајот од септември од извршниот директор на Bitmain и ко-основач Џиан Ву, кој изјави дека ќе биде енергетски ефикасен и посилен од постарите модели.

Додека спецификациите за чипот сè уште не се објавени во целост, Ву кажа за време на неговата првична најава дека ќе вклучи “повеќе од една милијарда транзистори” и “да постигне сооднос на потрошувачката на енергија до капацитет за фармање, кој ќе изнесува дури 42J / TH .”

Деталите за новите Antminers се се уште малку познати. Веб-страницата на компанијата не нуди никакви информации во прес-време.

Објавата на Bitmain доаѓа во време на притисок да се соберат средства преку ICO. Компанијата официјално поднесе барање за ICO на крајот на септември, иако некои информации добиени од терен укажуваат на тоа дека некои инвеститори може се сведоци на лажни информации во врска со финансискиот статус на компанијата.

Настрана од финансирањето, новиот процесор на компанијата ќе се натпреварува со голем број други ASIC-фокусирани на биткоин, вклучувајќи го и новиот чип од 14nm, објавен претходно од страна на Bitfury. Наречен Bitfury Clarke, најновиот производ на компанијата на сличен начин тврди дека ја зголемува енергетската ефикасност специјално за SHA256 алгоритамот што се користи од криптовалутите како биткоин.

Во другите вести, Bitfury претходно објави дека е склучено финансирање од 80 милиони американски долари, што го вклучува и инвестирањето на Мајк Новограц во Galaxy Digital.

Leave a comment