Bitfury влегува во музичката индустрија со лансирање на Open Source блокчејн платформа

Блокчејн и производителот за опрема за биткоин фармање Bitfury, го објави лансирањето на посветен проект за софтвер со отворен код во музичката индустрија на 16-ти јануари.

Спин-оф, наречен Bitfury Surround, има за цел да се справи со сложените и честопати неправедно пропорционални приливи на приходи меѓу уметници, обожаватели и посредници користејќи блокчејн технологија.

Во објавата се објаснува:

“Платформата Surround ќе им овозможи на индустријата за музичка забава да ги насочи операциите преку сигурен трансфер на средствата за авторски права, рационализирана поврзаност, како и подобри системи за следење и управување.”

Surround го означува тековното проширување на Bitfury во различни аспекти надвор од само фармањето на крипто. Во рамките на екосистемот Биткоин (BTC), во меѓувреме, оваа недела компанијата направи off-chain плаќања преку  Lightning Network за партнерството за животна средина со полскиот BTCBIT.

Пред тоа, во декември 2018-та година, Bitfury ги откри плановите за лансирање на блокчејн акцелератор во Русија во соработка со глобалниот консултантски гигант PwC.

“Музичката индустрија еволуираше во сложена, конкурентна, технолошки управувана средина која страда од тежок недостаток на транспарентност”, изјави Валери Вавилов, извршен директор на Bitfury за проектот Surround. Вавилов забележал:

“Сакаме да ги застапуваме уметниците и да помогнеме во поттикнувањето на растот на целата индустрија преку создавање на овој отворен, екосистем базиран на блокчејн.”

Блокчејн ентитетите се обиделе да се справат со транспарентноста на музичката индустрија веќе неколку години, со идеи како што е стриминг услуга базирана на блокчејн, која се откри во 2018-та година.

Leave a comment