Bitcoin.com прославува 4 милиони креирани паричници

На 5-ти мај Bitcoin.com Wallet прославивме креирани 4 милиони паричници од лансирањето на light client. Паричникот им овозможува на секој во светот да учествува во криптоекономијата, нудејќи безбедно решение за складирање на биткоин (BCH) и bitcoin core (BTC).

4 милион Bitcoin.com паричници и само што започнуваме

Bitcoin.com Wallet беше лансиран во август 2017-та година и оттогаш паричникот има значителен развој и собра голем дел од вниманието. Досега се креирани 4 милиони паричници и ние сме воодушевени за да го прославиме овој момент со крипто заедницата. Има многу причини зошто Bitcoin.com Wallet е толку популарен, а една од нив е достапноста, бидејќи light client е достапен за Mac, Windows, Linux, Apple iOS и Android оперативните системи. Дополнително, паричникот не е само одличен за ветераните, туку е и совршен за почетници кои само што почнале да ги учат основите на крипто. Корисничкиот интерфејс (UI) е многу лесен за користење, што го прави складирањето, испраќањето и примањето на биткоини пребрзо.

Паричникот им овозможува на корисниците да ги складираат bitcoin cash (BCH) и bitcoin core (BTC) на noncustodial начин. Корисниците на паричникот Bitcoin.com, исто така, имаат можност да ги купат и криптовaлутите во корисничкиот интерфејс на паричникот. Со оваа специфична услуга за купување, корисниците не мора да се занимаваат со внесување на пари на крипто берза. Овие функции сами одвај ја гребат површината кога станува збор за нашиот паричник со отворен код, бидејќи има уште многу предности. На пример, нашиот паричник е целосно компатибилен со BIP70 системот за плаќање, а  light client може да се користи за плаќање на BitPay фактурите со леснотија. Исто така има изобилство на предности, како директен пристап до статии на news.Bitcoin.com, графикони со цени, корисни алатки и Bitcoin Cash игри.

“Тимот на Bitcoin.com е горд што помогна да донесе поголема економска слобода за поединци ширум светот”, објасни извршниот директор на Bitcoin.com, Роџер Вер, откако го преминаа прагот од 4 милиони креирани паричници. Вер додаде:

“Со нетрпение очекуваме да помогнеме да се создадат следните 40 милиони паричници, а потоа 400 милиони.”

Наскоро следат повеќе функции за паричниците

Четирите милиони паричници создадени досега се одлична пресвртница, но ние исто така знаеме дека ова е само почетокот кога станува збор за прифаќањето на криптовалутите. Еден ден се надеваме дека ќе им служиме на милијарди луѓе со нашето решение за паричникот и ќе ги научиме на големите придобивки од bitcoin cash и како безбедно да ги чуваат криптовалутите. Колку повеќе луѓе самите го складираат биткоин, толку подобро, затоа што доведува до помалку луѓе кои ги складираат средствата на custodial паричник и централизирани берзи кои се склони на хакерски напади. Како додаток на едноставниот за користење light client, Bitcoin.com Wallet има мноштво на други функции планирани за во иднина. Едно од планираните дополнувања ќе биде имплементацијата на Cashshuffle, апликација која им овозможува на корисниците да ги мешаат монетите со други учесници, што за возврат го зајакнува конвертирањето на BCH.

Во Bitcoin.com, веруваме дека тоа што креираше Сатоши Накамото е еден од најважните пронајдоци во историјата, заедно со печатарската преса, моторот со внатрешно согорување и интернетот. Секој може да користи bitcoin cash  и да ја испрати децентрализираната криптовалута на секој без ограничување од кој било поединец, корпорација или влада. Со BCH, корисниците исто така можат да испраќаат средства за миг за помалку од еден денар за секоја трансакција. Bitcoin.com Wallet помага во еволуцијата на пари и со текот на времето се надеваме дека револуцијата на BCH ќе донесе економска слобода на масите.

Значи, кога мејнстримот ќе ги насети технолошките и монетарните иновации кои ги обезбедува bitcoin cash, Bitcoin.com Wallet  ќе биде таму за да им служи на нивните барања. Ако не сте се обиделе со Bitcoin.com Wallet со отворен код тогаш проверете ги сите достапни верзии тука и обидете се уште денес да креирате нов паричник.

Leave a comment